Останато

Дарио и Дарија испишаа историја на „Тодор Проески“: паднаа национални рекорди на 10.000 метри

Сподели
Сподели

Македонската атлетика доби историски ден на Националното првенство и куп натпреварите на 10.000 метри, кои вчера се одржаа на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Во центарот на вниманието беа Дарио Ивановски и Дарија Крстевска, кои со извонредни настапи поставија нови национални рекорди.

Во машка сениорска конкуренција, Дарио Ивановски уште еднаш потврди дека е во врвна форма. Тој доминираше на трката и заслужено го освои првото место со време од 29:07.11, со што го подобри досегашниот национален рекорд за 24 секунди. Неговиот настап беше сигурен и контролиран од самиот почеток, а силното темпо го задржа до самиот крај.

Одличен настап имаше и младата Дарија Крстевска, која во женска конкуренција го освои првото место кај сениорките, но и постави нов национален рекорд во категоријата до 20 години (У20).

Таа трката ја истрча со време од 40:14.11, подобрувајќи го претходниот рекорд за повеќе од две минути и триесет секунди – што претставува огромен напредок и показател за нејзиниот потенцијал.

ОХРИД КУП 2026 – ТУРНИР НА КОЈ СЕКОЕ ДЕТЕ ДОБИВА МЕДАЛ

Настапите на Ивановски и Крстевска се уште една потврда за напредокот на македонската атлетика, која добива нови имиња и резултати вредни за почит. Овие резултати не само што значат нови рекорди, туку и дополнителна мотивација за идните предизвици на меѓународна сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!