Останато

Македонските тенисерки го отвораат турнирот во Бања Лука против Египет

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Женската тениска репрезентација на Македонија од денес ги започнува настапите во Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг Купот, кој се одржува во Бања Лука.

Македонија е дел од групата Б, каде за противници ги има селекциите на Бугарија, Мароко, Египет и Јужна Африка.

За нашата репрезентација ќе настапат Сара Митевска, Ана Митевска, Јана Божиновска и Зара Зафировска, додека на селекторската позиција своето деби ќе го има Кристијан Вангелов.

Во првото коло, македонските тенисерки ќе се соочат со Египет – селекција која заедно со Бугарија важи за главен фаворит во групата. Египет во својот состав ги има Сандра Самир (367. место на ВТА листата) и Ламис Алхусеин Абдел Азиз (404. место на ВТА), што дополнително ја потврдува нивната сила.

Во второто коло, кое се игра во вторник, Македонија ќе биде слободна.

Во групата А ќе се натпреваруваат Австрија, Грција, Босна и Херцеговина, Кипар и Финска.

На првиот натпреварувачки ден, покрај дуелот Македонија – Египет, во групата Б ќе играат и Бугарија против Јужна Африка, додека слободна ќе биде селекцијата на Мароко.

Во групата А, двојките во првото коло се Австрија – Финска и Грција – Кипар, а домаќинот Босна и Херцеговина ќе го прескокне првото коло.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!