Останато

Дејан Георгиевски доминираше во Скопје: го освои златото и важни бодови за Олимпијада

Сподели
ФОТО: МОК
Сподели

Дејан Георгиевски, стипендист на МОК, уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма, освојувајќи златен медал на силниот меѓународен турнир „Скопје опен Рамус Г1“, кој се одржа во СЦ „Борис Трајковски“.

Неговиот пат до највисокото место на пиедесталот беше импресивен и исполнет со врвни победи. Георгиевски најпрво славеше против Абдула Ал Магди, а потоа забележа значајна победа над европскиот шампион Иван Шапина. Во полуфиналето беше подобар од Пашко Вожиќ, за во финалето да круниса одличен настап со доминантна победа над Илиа Рудерман.

Овој успех носи и дополнителна тежина ако се знае дека турнирот собра повеќе од 1.000 натпреварувачи од 41 држава, што го прави еден од најсилните во регионот.

Со освојувањето на златниот медал, Георгиевски обезбеди и важни бодови во трката за олимписка норма – клучен чекор кон настап на најголемата спортска сцена.

Доколку продолжи во овој ритам, македонскиот таеквондист останува сериозен кандидат за пласман на Олимписките игри и еден од главните адути на Македонија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!