Кошарка

Тиквеш со важен триумф – како изгледа првата „шесторка“ која ќе се бори за шампионската титула?

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Максимално возбудливо и неизвесно беше до самиот крај на регуларниот дел од „НТЕЛ“ Супер лигата.

Последното 22.коло ја „подели“ првенствената табела на два дела.

Во првата „шесторка“ која ќе бара место во плеј-офот, се пласираа екипите на ТФТ, МЗТ Скопје Аеродром, Пелистер, Маџари, Кожув и Тиквеш Голден Игл.

Кавадарчани имаат ист скор (11-11) како и екипата на Чаир 2030, но и подобар меѓусебен однос во однос на чаирчани, поради кој се во горниот дел од првенствениот поредок.

Во Плеј-аут сегментот, се екипите од 7. до 12. место, односно Чаир 2030, МКК Куманово, Работнички, Феникс 2010, Гостивар и Ангели.

ГОСТИВАР – ФЕНИКС 2010 76:74

Гостиварци имаа подобро прво полувреме, кое, впрочем, го решија во своја корист со (40:34).

Но по големиот одмор, Феникс 2010 беше екипата која доминираше на паркетот во салата „Младост“. Во период од само пет минути, гостите од Скопје направија серија од (21-5), за пресврт, доволно да поведат и со двоцифрени (55:45).

Сепак, во наредните пет, гостиварци го возвратија ударот, со своја серија (14-4), стигнаа до егал скор (59:59) со кој се влезе во последниот период од мечот.

Нерешено (72:72) беше и во последната минута од натпреварот во Гостивар. А меч-винер беше Американецот Грегори кој погоди за победа на гостиварскиот суперлигаш на секунда пред последниот звук на сирената.



МАЏАРИ – АНГЕЛИ 106:81

Добрите игри во премиерната суперлигашка сезона кошаркарите на Маџари ги потврдија со уште една победа, макар и над екипата која е на последното место на табелата.

Навистина Ангели се бранеше во првата четвртина, онаа во која домаќините водеа, но со не баш високи (27:23).

Но работите почнаа да си доаѓаат на своето место во текот на втората четвртина. Минути во кои Маџари го покажа својот квалитет. Направи домашната екипа големи (29:13), па веќе по 20.минути од играта „побегна“ на плус од 20.поени ((56:36).

Второто полувреме беше обична формалност, однос промоција на Маџари во екипа која ќе се бори за места кои водат во доигрувањето за титулата, а Ангели, одамна е јасно, за евентуално некое изненадување, односно победа, во Плеј-аут сегментот.



РАБОТНИЧКИ – МКК КУМАНОВО 76:72

Кумановци имаа подобар почеток на гостувањето во салата „Лазар Лечиќ“. И на истекот на првиот период се стекнаа со солидни (23:16). Имаа и повисоки (25:16), но како одминуваа минутите во тој втор период, така „црвено-белите“ се враќаа, и до полувремето стигнаа до нерешен резултат (38:38).

А во воведните минути од третиот, Работнички поведе, со (47:40), потоа и (49:42). А по три одиграни четвртини разликата беше помала (58:55).

Домаќините успешно го чуваа тоа тешко стекнато водство. Имаа и (67:60),  кое кумановци го намалија, но не го стигнаа, па во вториот дел од сезоната и двете екипи ќе се борат за суперлигашкиот статус.



ТИКВЕШ ГОЛДЕН ИГЛ – ТФТ   102:74

Кога требаше, кошаркарите на Тиквеш Голден Игл одиграа најдобра, во финишот на сезоната, кавадарчани направија серија на победи, ја заокружија со успех против водечката екипа во „МТЕЛ“ Супер лигата, ТФТ.

Имаа одличен почеток домашните кошаркари, десет стартни минути во кои се стекнаа со висока предност (25:8), која ја одржаа на полувремето (46:30).

Но тука не застанаа, по одморот продолжија во ритмот како во првиот период. За неполни пет минути, направија скор (23-7), со кој се одвоија на недостижни (69:37).

Со одлично функционирање на комплетната стартна петорка, која се погрижи да го донесе Тиквеш Голден Игл во првата „шесторка“.

Поразот не го чинеше скапо лидерот на табелата, ако се земе в предви дека нивниот прв конкурент, МЗТ Скопје, загуби на гостински терен во Чаир.



ЧАИР 2030 – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ  76:68

Видно ослабен беше шампионот и на последниот меч од регуларниот дел од сезоната. Но направија „сино-белите“ добар вовед на гостувањето во Чаир. По десет минути од играта МЗТ Скопје водеше со (24:13), во наредните десет, чаирчани симнаа три поени од негативата, и на одмор се замина со водство на гостите (41;33).

Но по минутите предвидени за пауза, Чаир 2030 успеа да направи комплетен пресврт. Во третата четвртина момците на тренерот Ерхан Рамадан го свртеа резултатот во своја корист, и во периодот на одлука влегоа со позитива од (52:51).

Во средината на тој дел, екипата од Чаир се одвои на (64:58), предност која чаирските „сино-бели“ ја одбранија и победија против големиот ривал.

КОЖУВ – ПЕЛИСТЕР      89:82

Иако без многу резултатски императиви, кошаркарите на Пелистер изгледаа и делуваа како екипа која многу повеќе ја посакува победата на гостувањето во Гевгелија. Така и се „однесуваа“, особено во втората четвртина од дуелот во салата „26.април“ во која направија двоцифрено водство. Имаа повеќе од солидни (51:40) по 20.минути од играта.

Но битолчани не се задоволија со тоа. Ги казнуваа сите слабости во играта на Кожув, и во третиот дел таа разлика ја зголемија на (67:53).

На почетокот на последната четвртина, Кожув направи серија од (7-0) за да ја преполови негативата на (60:67).

Тоа беше вовед во победничката серија на гевгеличани. Во тие десет минути кошаркарите на Кожув реализираа дури 36.поени, и направија комплетен пресврт и победа, доволна за делба на 4. позиција (со екипата на Маџари, која има подобар скор во меѓусебните натпревари).



ТАБЕЛА

1.ТФТ 22 19 3 1817:1571 41

2.МЗТ Скопје А. 22 19 3 1735:1534 40

3.Пелистер 22 14 8 2002:1807 36

4.Маџари 22 12 10 1752:1731 34

5.Кожув 22 12 10 1834:1793 34

6.Тиквеш ГИ 22 11 11 1735:1728 33

————————————————-

7.Чаир 2030 22 11 11 1779:1858 33

8.МКК Куманово 22 10 12 1788:1755 32

9.Работнички 22 9 13 1829:1792 31

10.Феникс 2010 22 8 14 1721:1778 30

11.Гостивар 22 6 16 1634:1761 28

12.Ангели 22 1 21 1436:1931 23

*Екипата на Маџари има подобар скор во меѓусебните дуели со Кожув

**Екипата на Тиквеш Голден Игл има подобар скор во меѓусебните дуели со Чаир 2030



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 доминантен во Радовиш, Пролет сигурен во Струга

Во рамките на плеј-аут фазата од ракометната Суперлига беа одиграни два натпревари, на кои гостинските екипи Еурофарм Пелистер 2 и Пролет запишаа важни...

Ракомет

„Ќе биде тежок меч, но веруваме во успех!“ – Охрид подготвен за предизвикот!

Охрид е пред уште еден голем европски предизвик, натпревар што носи тежина, притисок, но и огромна можност за успех. Во пресрет на реваншот...

Поврзани написи
Кошарка

ТФТ поразен во драматично финале: Широки Бријег со минимален триумф до титулата и АБА лигата

Екипата на ТФТ не успеа да избори „мајсторка“ во финалната серија од...

Кошарка

Крива Паланка за прв пат, или седма титула за Бадел 1862?

Крива Паланка за прв пат, или пак Бадел 1862 по седми пат...

Кошарка

Пелистер со моќна партија во Аеродром – закажа полуфинале со МЗТ Скопје

Кошаркарите на Пелистер испратија силна порака пред почетокот на плеј-офот, откако на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!