Уште една доминантна игра прикажаа кошаркарките на Крива Паланка. Во најинтересниот дуел од 5. коло од „Оролоџо“ фазата, гостинските кошаркарки без проблеми стигнаа до уште еден триумф. Беа многу подобри од екипата на Вардар, и тоа на гостински терен.
ВАРДАР – КРИВА ПАЛАНКА 63:84
Уште една доминантна игра прикажаа кошаркарките на Крива Паланка. Во најинтересниот дуел од 5. коло од „Оролоџо“ фазата, гостинските кошаркарки без проблеми стигнаа до уште еден триумф, со кој на две кола пред крајот на овој втор дел од лигата, се скоро извесно со најдобри шанси тука и да останат пред почетокот на одлучувачкиот дел – плеј-офот.
Имаа девојките од Крива Паланка постојано водство, контрола и над играта и над резултатот во текот на сите 40.минути на гостувањето „Под Кале“.
Сепак, како пресудна се покажа третата четвртина од овој меч, односно десет минути во кои гостинската екипа направи големи (24-7), со кои водството од полувремето (41:33), го претвори во недостижни (65:40).
Со ново ефикасно издание на Американката Робинсон, која заврши со ефект од 34.поени, осум скока и пет асистенции.
Свои моменти на добра игра имаше и Ниехуес која дојде до дабл-дабл учинок од 18.поени и 10.скока, додека Грин додаде 11.поени (четири асистенци и три скока).
Во екипата-домаќин, М.Николиќ оствари двоен скор од 19.поени и 12.скока, Тасевска имаше 11.поени (шест скока и три асистенции), додека по десет поени додадоа Зафировска и Трајковска.
ПРОБАСКЕТ – БАСКЕТ КАМ 50:66
Едно добро одиграно полувреме им беше потребно на кошаркарките на Баскет кам да стават крај на серијата на порази и да бидат победници во натпреварот на гостински терен, против екипата на Пробаскет.
Во првите 20.минути, екипата од Македонска Каменица реализираше голема предност, на паузата гостинките заминаа со плус од дури 26.поени, (42:16).
Дефинитивно недостижен за кавадарчанки, кои во последната четвртина успеаја да го сведат на пристоен.
Уште еднаш, централна фигура во играта на Баскет кам беше Димова, која застана на скор од 25.поени (и осум скока). Ја следеше Максимовска, која постигна 14.поени (плус пет асистенци и четири скока), додека Адамовска дополни со девет реализации, но и 11.скока и 5.асистенции.
Во екипата на Пробаскет, одлична игра на Јовановиќ која натпреварот го заврши со 31.поен (и шест скока), но двоен број на реализации – 11, имаше само уште Американката Томас.
БАДЕЛ 1862 – СПОРТ ТИМ 82:58
Кошаркарките на Бадел 1862 беа доста подобар ривал во мечот со екипата на Спорт тим.
Го потврдија тоа со сигурно, континуирано водство, во текот на целиот натпревар. Екипата од Неготино беше конкурентна само во втората четвртина, во коај беа за два поени подобри од домашната. Но само за да имаат прифатливи (22:29) на полувремето.
Но во она второто, се покажа дека „баделки“ и без помошта на репрезентативниот бек, Марија Николов се поквалитетни, а го потврдија тоа со убедливата победа ос 24.поени, која по поразот на конкурентот Вардар, ги става на делба на третата позиција на табелата (двете екипи се на скор 13-6).
Фримен реализираше 21.поен, но имаше и по шест скока и исто толку освоени топки, додека Клири заврши со 19.поени и 6.скока.
Она што е вистинска реткост во македонската женска сениорска кошарка, сите 12.домашни кошаркарки се запишаа во листата на стрелците.
Во онаа гостинската, Лукиќ запиша 25.поени, но и неверојатни 14.загубени топки, додека Динова даде 17, но и таа загуби дури девет топки.
МЗТ БЕЛА ВОДА – ПАТРИОТ 2016 47:61
Кошаркарките на Патриот 2016 стигнаа до уште една победа, сега и на гостински терен, против МЗТ Бела вода. Дојдоа до два бода со кои извесно, се многу блиску да опстанат во оваа конкуренција.
Една одлично одиграна четвртина, втората, во која направија скор (30-8), се покажа како доволна за третата победа со која сега, на две кола пред крајот, делчевки имаат и два бода повеќе во однос на конкурентот – екипата на Спорт тим од Неготино.
Ново одлично, поентерско издание имаше Американката Скот, која реализираше 30.поени. Но, освен тоа, додаде и 11.скока, имаше и три додавања, што заедно со оние 17.поени кои дојдоа од нејзината сонароднишка, Крисвел, и деветте на Рашова која се врати во тимот, се покажаа како „добитна комбинација“.
Во домашната екипа, Сарафилоска постигна 14.,поени, Карајованова 12, а освен 11. поени, репрезентативката Милосављевиќ додаде и 13.скока.
1.Крива Паланка 19 16 3 1509:1127 35
2.Баскет кам 19 14 5 1224:991 33
3.Вардар 19 13 6 1401:1228 32
4.Бадел 1862 19 13 6 1438:1191 32
5.Пробаскет 19 10 9 1399:1335 29
6.МЗТ Бела вода 19 5 14 1146:1287 24
7.Патриот 2016 19 3 16 1103:1636 22
8.Спорт тим 19 2 17 998:1421 20