Втора лигаФудбал

Брегалница ја има најдобрата форма на последните пет меча

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

Брегалница е во најдобра форма според последните пет одиграни натпревари – „сините“ имаат пет од пет и со тоа го држат врвот во Втора лига заедно со Охрид и Шкендија Арачиново со по 52 бодови.

Четата на Влатко Костов не знае за пораз, а „сините“ во претходните две кола славеа над два директни конкуренти Охрид (1:0) и Скопје (0:1) што е потврда за фантастична форма која тимот го носи чекор по чекор кон враќање во Прва лига.

Следното коло носи лесен меч, потценување за никој нема, но разликата во квалитет ќе направа да Брегалница ги одмори искусните фудбалери и да ги чува силите за следните предизвици бидејќи во следното коло Брегалница ќе игра против Големо Коњари.

На последните пет мечеви Брегалница славеше над Новаци во гости со 1:3, против Каменица Саса 3:1 на домашен терен, ја доби убедливо и Преспа во гости со 0:3, а потоа во низа доби два дерби меча – Охрид на домашен терен со 1:0 и Скопје во гости со 0:1.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!