Радовиш забележа нов пораз откако вечерва загуби од Куманово со 24:28 во рамки на 4. коло на плеј-аутот на Супер лигата. Радовишани одиграа добар натпревар, но одново на крај одново беа поразени и остануваат и натаму без бодови, а Куманово веќе оди по заверка на директниот опстанок во елитата.
Радовишани добро го отворија мечот имаа предност од 3:1 по десет минути игра, од тој аспект беше сиромашен мечот. По десет минути игра се случи и пресврт откако Тоше Ончев погоди за 6:7. Се случи и нов пресврт Радовиш преку Димов и Трајанов дојде до 8:7, а на полувреме имаше 12:10.
Во вториот дел Куманово стигна за првпат до позитивна од плус два при 12:14 и 13:15. Највисоката предност гостинот ја имаше во 44. минута од средбата во СРЦ „25 Мај“ кога разликата беше плус шест 16:22.
Домаќинот се врати барам на минус два при 23:25 и на 24:26, но не и за нешто повеќе, а гостинот со два погодоци во финишот потврди триумф од 24:28.
Радовиш останува на дното без бодови и во следното коло ќе гостува кај Струга, а пак Куманово е четврти со 13 бодови и веќе го потврдува опстанокот во елитата, а во следното коло ќе игра дома против Пролет.
Овој пораз беше пресуден за Радовиш кој веќе ги губи сите шанси за опстанок преку бараж, а извесно е дека Струга ќе игра бараж за опстанок.