Ракомет

„Што беше пресудно за успехот на Охрид? Иванковиќ во клучни моменти“ – Шиме Ивиќ со пофалби за Иванковиќ

Сподели
Сподели

Охрид продолжува да ја гради својата европска приказна со пласманот во полуфиналето на Купот на ЕХФ, по победата над Олимпијакос во два неизвесни и борбени натпревари.

Играчот на Олимпијакос, Шиме Ивиќ, ексклузивно за Спортска Мрежа, ги сподели своите  импресии за двомечот со Охрид во Купот на ЕХФ, објаснувајќи што според него било пресудно за победата на македонскиот тим. Ивиќ истакна дека и покрај шансите на неговиот тим, Охрид имал надмоќ во клучните моменти и заслужено се пласирал во полуфиналето.

Десниот бек на Олимпијакос- Ивиќ објасни дека клучот за победата на Охрид бил одличниот настап на Иванковиќ, кој постигнал важни голови и обезбедил асистенции во клучните моменти кога Охрид имал тешкотии во нападот. Тој призна дека неговиот тим можеби бил малку нервозен и не ги реализирал сите зицери, но дека Охрид бил многу подобар во првиот меч и заслужено го добил двомечот.

„Што беше пресудно за Охрид да победи во овој двомеч? Прво што ми доаѓа на памет е Иванковиќ, кој во клучни моменти кога Охрид немаше баш идеја во нападот, тој погоди неколку клучни голови и им асистираше на пивотите. Ние можеби бевме малку нервозни, имавме прилики, зицери кои требаше да ги погодиме..но што е, тука е. Охрид беше многу подобар во првиот меч, и мораме да им честитаме, тоа е тоа.“- изјави Ивиќ за Спортска Мрежа.

Ивиќ призна дека Охрид го заслужил пласманот во полуфиналето, нагласувајќи ја важноста на индивидуалните клучни потези, како и колективната стабилност на македонскиот тим.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаПрва лигаФудбал

ФФМ поведе постапки против Башкими и Муарем Муарем, изречени суспензии за шестмина фудбалери и тренери

Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлуки за поведување дисциплински постапки против ФК Башкими и две официјални лица, како и за изрекување дисциплински казни...

ФудбалФутсал

Проект вечерва гостува кај СЕЕ Университи, Јувентус Серава домаќин на Форца, дерби на Шкупи и Кеги Моби

Второто коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дуелот меѓу СЕЕ Университи и актуелниот шампион Проект, кој е закажан за 19:00...

Поврзани написи
Ракомет

Бојаниќ: Во Куманово не одиме да се предадеме, туку да се бориме и да го дадеме максимумот!

Екипата на Младост во рамките на седмата рунда на Суперлигата ќе гостува...

Ракомет

Лукиќ: Младост знае да се носи со притисокот, очекувам борба до последна секунда во Куманово

Натпреварот со Еурофарм Пелистер 2 е минато, Младост се фокусира на следниот...

Ракомет

Бутел Скопје го почнува европскиот предизвик на гостински терен кај Горица

Европските обврски продолжуваат за Бутел Скопје, кој го очекува двомеч за пласман...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!