Втора лигаФудбал

Мрежата на Антонио Столевски е „заклучена“ – пет меча без примен гол за чуварот на Шкендија Арачиново

Сподели
ФОТО: Илхан Османи
Сподели

Голманот на Шкендија Арачиново, Антонио Столевски, се наоѓа во фантастична форма и е еден од најзаслужните за одличните резултати на својот тим во Втората лига.

23-годишниот чувар на мрежата запиша импресивна серија од пет натпревари без примен гол, потврдувајќи ја својата класа и стабилност меѓу стативите. Столевски ја сочува мрежата на дуелите против Големо Коњари (0-4), Детонит Плачковица (1-0), Слога Виница (0-5), Беласица (0-0) и Тетекс (2-0).

Столевски пристигна во Арачиново во текот на зимскиот преоден рок од Слога Виница, а неговото доаѓање веднаш донесе сигурност во последната линија. Токму тоа што беше најавувано од Спортска Мрежа – дека ќе внесе стабилност на голот – сега се потврдува и на теренот.

Во прилог на одличната форма на голманот оди и фактот дека Шкендија Арачиново, заедно со ГФК Охрид Лихнидос, ја има најдобрата одбрана во лигата со само 12 примени голови на 23 натпревари.

Инаку, младиот прилепчанец зад себе има богато искуство, настапувајќи за Победа, каде беше еден од клучните играчи во обезбедувањето опстанок преку бараж, како и за Кожуф, Караорман, Велешта и Брегалница, додека фудбалските почетоци ги има во школата на Перак.



Со ваква форма на Столевски и стабилна одбрана, Шкендија Арачиново сериозно конкурира за пласман во Првата македонска фудбалска лига, откако минатата сезона го освои првото место во Третата лига – Север и избори пласман во второлигашкото друштво.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Легендата Благој Митев добива признание од Беласица пред големото струмичко дерби со Брера!

Фудбалскиот клуб Беласица во недела ќе му оддаде посебно признание на Благој Митев, една од најзначајните личности во историјата на струмичкиот клуб и...

Кошарка

Никола Кочовиќ е нов кошаркар на КК Пелистер

Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со засилувањата за новите предизвици во сезоната. Нов член на битолскиот тим е српскиот интернационалец Никола Кочовиќ, искусен бек...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Легендата Благој Митев добива признание од Беласица пред големото струмичко дерби со Брера!

Фудбалскиот клуб Беласица во недела ќе му оддаде посебно признание на Благој...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Како изгледа табелата во Трета лига регион 3 по исфрлањето на Тиверија од натпреварување

Исфрлањето на Тиверија од натпреварување во Трета лига регион 3 поради два...

Трета лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Тиверија од Струмица исфрлена од Третата лига регион 3, секое коло ќе има слободна екипа

Фудбалскиот клуб Тиверија од Струмица е исфрлен од натпреварувањето во Третата македонска...

Младински фудбалФудбал

Благој Гегов од Детонит Плачковица успешно го помина првиот модул за UEFA C лиценца!

Фудбалската школа на Детонит Плачковица од Радовиш продолжува да вложува во унапредување...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!