Ракомет

„Сосема заслужено сме тука“ – Пилиповиќ после историскиот пласман во европското полуфинале

Сподели
Сподели

Охрид продолжува да ја пишува својата европска приказна со пласманот во полуфиналето на Купот на ЕХФ, по победата над Олимпијакос во два одлични натпревари.

Голманот на охриѓани, Кристијан Пилиповиќ, во изјава за Спортска Мрежа, нагласи дека клучот за успехот во двомечот била волјата и единството на тимот, како и напорната подготовка и професионалниот пристап на играчите. Тој потенцираше дека охридскиот состав, со голема поддршка од домашниот терен и навивачите, успеал да го потврди квалитетот и да покаже дека е подобар од Олимпијакос. Пилиповиќ блескаше на голот, со одбрани кои значително го помогнаа тимот во клучните моменти.

„Јас мислам дека во овој двомеч одлучи волјата, и тоа што сме навистина многу здрава екипа- момците се навистина сјајни, вистински професионалци. Работевме доста долго за овој двомеч, се подготвувавме со денови и ете, на крај тој труд исплива на површина и даде позитивен резултат. Секако, кога победивме во Атина со пет позитива, видовме дека можеме, а сега знаевме и дека ќе имаме поддршка дома- наш терен и навивачи, што ни беше и одговорност и притисок..иако имавме плус пет, сепак ова е ракомет и како што видовме и вечерва на крај водеа и со еден гол..Но сепак, многу сум среќен што и по вторпат покажавме дека сме подобри од Олимпијакос, и сметам дека сосема заслужено сме тука.”- изјави Пилиповиќ за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Пилиповиќ со својата стабилност и блескави одбрани, заедно со единството на тимот, беа клучот за историскиот пласман на Охрид во полуфиналето, потврдувајќи дека оваа генерација е подготвена да се носи со најдобрите во Европа.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!