Ракомет

,,Сакавме и се трудевме да победиме уште еднаш, што е најважно“ –Реј Моралес после големиот успех на Охрид

Сподели
Сподели

Охрид продолжува да ја гради својата европска приказна со пласманот во полуфиналето на Купот на ЕХФ, по победата над Олимпијакос во два борбени натпревари.

Ексклузивно за Спортска Мрежа, столбот на одбраната на Охрид, Ориол Реј Моралес, ги сподели своите импресии по историскиот пласман на тимот во полуфиналето на Купот на ЕХФ. По два возбудливи и напнати натпревари против силниот состав на Олимпијакос, Моралес истакна колку биле важни подготовката, концентрацијата и сериозниот пристап на тимот за остварување на овој голем успех. Вечерва, тој имаше поддршка и од своите другари од Шпанија, на трибините.

Моралес објасни дека клучот за победата бил внимателно планираниот пристап во двата натпревари, како и максималната сериозност при играта на домашен терен. Тој нагласи дека солидното водство од Атина им дало предност, но дека тимот цело време се трудел да покаже дека може да победи повторно, и покрај притисокот и големиот залог – пласман во европското полуфинале. Според него, тоа што успеале да ја задржат победата и во вториот меч е доказ за карактерот и стабилноста на тимот.

„Сметам дека со мечот во Атина направивме одлична работа, бидејќи да имаш предност од пет гола во оваа елиминациона фаза е одлично. Потоа, одигравме сериозен меч дома, бевме сериозни бидејќи знаевме дека можеме и да загубиме до пет гола, но сепак сакавме и се трудевме да победиме уште еднаш, што е најважно. Сепак, на крај малку попуштивме, што е и нормално бидејќи притисокот е огромен..влогот е пласман во полуфинале, а не само победа. Но на крај победивме по вторпат, што е одлично.“- изјави Моралес за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Моралес го истакна карактерот, стабилноста и единството на тимот како клучни фактори за историскиот успех на Охрид, потврдувајќи дека тимот знае да го однесе клубот до европскиот врв.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект вечерва гостува кај СЕЕ Университи, Јувентус Серава домаќин на Форца, дерби на Шкупи и Кеги Моби

Второто коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дуелот меѓу СЕЕ Университи и актуелниот шампион Проект, кој е закажан за 19:00...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Дерби на Каменица Саса и шампионот Скопје, Љуботен на испит кај Пелистер, Тиверија Брера гостува во Струга

Деветтото коло од Првата македонска женска фудбалска лига носи неколку исклучително важни натпревари кои можат да предизвикаат сериозни промени на табелата. Во фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Бојаниќ: Во Куманово не одиме да се предадеме, туку да се бориме и да го дадеме максимумот!

Екипата на Младост во рамките на седмата рунда на Суперлигата ќе гостува...

Ракомет

Лукиќ: Младост знае да се носи со притисокот, очекувам борба до последна секунда во Куманово

Натпреварот со Еурофарм Пелистер 2 е минато, Младост се фокусира на следниот...

Ракомет

Бутел Скопје го почнува европскиот предизвик на гостински терен кај Горица

Европските обврски продолжуваат за Бутел Скопје, кој го очекува двомеч за пласман...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!