Прва лигаФудбал

Пелистер ја шокираше Шкендија во Тетово, Вардар доминантен во градското дерби

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Екипата на Пелистер приреди големо изненадување во прволигашкото коло, откако славеше на гостувањето кај Шкендија со 2-1, правејќи значаен чекор во борбата за опстанок.

Битолчани поведоа во првиот дел преку Спировски, по добра асистенција од Булатовиќ, но домашните израмнија преку Ибраими пред паузата. Во второто полувреме Шкендија беше поофанзивна и создаде неколку сериозни шанси, но гостинскиот голман Јовчевски беше на висина на задачата. Казната стигна во судиското продолжение, кога Керим со прецизен удар донесе голема победа за Пелистер.

Во меѓувреме, Вардар продолжи со сигурните настапи и убедливо го доби градското дерби против Македонија ЃП со 5-1 на арената „Тодор Проески“.

„Црвено-црните“ доминираа во текот на целиот натпревар, а отпорот на противникот дополнително беше ослабен по раното исклучување на Кабаркас. Стрелци за Вардар беа Велковски, Кастенада, Торес (два гола) и Николов, додека почесниот погодок за Македонија ЃП го постигна Галевски.



Со ваквиот развој на настаните, Вардар ја задржува лидерската позиција, додека Пелистер освојува злато вредни бодови во битката за опстанок во Првата лига.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите...

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата...

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име...

Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!