Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Струга – доминација во второто полувреме за нов триумф во плеј-аутот

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 стигнаа до нова победа во плеј-аут фазата од Суперлигата, совладувајќи ја екипата на РК Струга со убедливи 38-22, откако на полувреме резултатот беше израмнет 15-15.

Натпреварот започна израмнето, а гостите од Струга дури и имаа неколку предности во првиот дел, во еден момент и со три гола разлика (9-6). Сепак, младите пелистерци успеаја да се вратат резултатски, па со серија на голови го анулираа заостанувањето и на пауза се замина со нерешени 15-15.

Вториот дел донесе целосно различна слика на теренот. Битолчани одиграа на високо ниво, отворија со серија голови и постепено ја зголемуваа предноста. Средината на второто полувреме веќе донесе двоцифрена разлика, која до крајот дополнително се зголеми, за конечни и убедливи +16.



Најзаслужен за триумфот кај Пелистер беше Ненад Белистојаноски со максимални осум реализации (8/8), додека по шест погодоци постигна Баптист. Кај гостите од Струга, Наум Костов беше најрасположен со седум погодоци.

Со овој триумф, Еурофарм Пелистер 2 останува во врвот на плеј-аут табелата и продолжува со позитивниот ритам во борбата за конечниот пласман.



Сподели

Не пропуштајте

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на европската фудбалска централа, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука...

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Поврзани написи
Ракомет

„Чкембари“ со јасна порака: Нема организирано да го бодрат Пелистер во Регионалната лига

Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе има поинаква атмосфера на натпреварите од...

Ракомет

Блажески: „Ни следи тежок натпревар, треба добро да се подготвиме!”

Бранителот на трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“, Охрид, со победа го започна...

Ракомет

Охрид со победа над „младиот“ Египет ја започна одбраната на трофејот на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид со победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски...

Ракомет

Вардар фуриозно до победа над Олимпијакос

Вардар со убедлива победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!