Ракомет

Стрмљан предупредува: ,,Предноста не значи ништо, нè чека нова битка со Олимпијакос“

Сподели
Сподели

Ракометарите на ГРК Охрид се на чекор до историски успех на европската сцена, но пред нив е уште една голема задача – реваншот против Олимпијакос, кој ќе се одигра во преполната сала „Билјанини извори“.

Средниот бек на Охрид, Тилен Стрмљан нагласува дека и покрај предноста од првиот натпревар, тимот мора максимално сериозно да пристапи на реваншот. Тој потенцира дека Олимпијакос располага со квалитетен состав и опасни шутери, поради што неопходна е добра подготовка и високо ниво на ангажираност.

Стрмљан смета дека разликата од пет гола не е гаранција за успех, бидејќи во ракометот лесно може да се анулира. Затоа, клучот го гледа во борбеноста и дисциплината, како и во поддршката од трибините, за да се обезбеди уште една победа.

„Сигурно дека нè очекува уште еден тежок натпревар. Знаеме каква екипа е Олимпијакос, какви шутери има во својот тим. Нам ни преостанува што подобро да се подготвиме. Петте гола предност не значат ништо, во ракометот може многу лесно да се анулираат. Со максимална ангажираност и голема борба да дојдеме до уште една победа. Ги повикувам навивачите да дојдат во што поголем број и да бидат нашиот осми играч“- изјави Стрмљан.

ФОТО: ГРК Охрид

Охрид ја има предноста, но и обврската да ја потврди на домашен терен. Со сериозен пристап и поддршка од публиката, „гладијаторите“ ќе се обидат да го направат последниот чекор кон европско полуфинале.

Салата е веќе целосно распродадена, што значи дека охридските ракометари ќе имаат осми играч од трибините, а  охриѓани ќе имаат прилика да гледаат европски ракомет и да придонесат во одличната атмосфера викендов.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!