Втора лигаФудбал

Трпчевски го доби дербито меѓу Скопје и Брегалница, Смоквоски на центарот во Радовиш

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Делегирани судите кои ќе ја делат правдата на утрешните мечеви од 23. коло на Втората македонска фудбалска лига.

Шкендија Арачиново ќе игра против Тетекс, но наместо во Синѓелиќ ќе игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Димитар Пилешков ќе биде главен судија, а ќе му помагаат Ристо Ѓорѓиев и Богданчо Ѓеоргиев. Четврт судија на оваа средба ќе биде Дарко Стојанов.

Делегат на натпреварот ќе биде Александар Митев, а пак контролор ќе биде Горан Манасиев.

Беласица на домашен терен ќе се соочи со Осогово, каде Ндерим Тефику ќе дели правда со помош на Александар Гигов и Станко Митровиќ, а четврт судија ќе биде Никола Петковски.

Ивица Тасевски ќе биде делегат на средбата во Струмица, а контролор ќе биде Џенан Хајдари.

Блаже Петковски ќе биде главен судија во Виница каде ќе играат Слога и Победа, а ќе асистираат Славе Станиславовски и Кирил Јованов, а четврт судија ќе биде Јордан Јовановски.

Делегат ќе биде Арменд Дестани, а контролор ќе биде Винко Смокварски.



Во Радовиш се игра дерби за директен опстанок меѓу Детонит Плачковица и Кожуф, а Кирил Смоквоски е главен судија. Негови асистенти се Дино Конески и Ване Дупкаров, а пак Ангелчо Ристов е четврт судија.

Делегат е Хајро Бабачиќ, а пак Сашо Иванов е контролор на овој меч.

Големо Коњари на домашен терен ќе се соочи со Вардар Неготино, а Нинослав Нанков ќе биде главен судија. Покрај аут линиите ќе бидат Бесар Абдули и Александар Николоски, а четврт судија е Ненад Тодоровски.

Павле Игнатов ќе биде делегат, а Зоран Стефанов ќе биде контролор.



Дербито на колото кое се игра во Автокоманда меѓу Скопје и Брегалница ќе го суди Стојанче Трпчевски, негови помошници ќе бидат Драган Трпчевски и Давор Дишлиевски, а четврт судија е Ангел Гелов.

Тони Ефтимов е делегат на овој меч, а контролор ќе биде Илир Сеља.

Охрид на домашен терен ќе го пречека Новаци, а Марјан Стојановски ќе биде главен судија со Куштрим Лика и Осман Зеќири како помошници, а Бенарт Зеќири ќе биде четврти судија.

Делегат на овој натпревар ќе биде Дејан Тасески, а пак контролор Зоран Костоски.

Во Ресен силите ќе ги одмерат Преспа и Каменица Саса каде Димитар Левески ќе биде главен судија, а ќе му асистираат Јован Анѓелкоски и Стефан Петрушевски, а четврт судија ќе биде Дарко Котевски.

Делегат ќе биде Бранко Богатинов, а контролор Илчо Јорданоски.

Сите натпревари ќе започнат во 15:30 часот, освен мечот меѓу Охрид и Новаци кој ќе започне во 13:30 часот, за што претходно најави Спортска Мрежа. Натпреварот меѓу Големо Коњари и Вардар Неготино ќе се одигра в недела.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид ја наостри формата пред европското деби, Струга немаше одговор на налетот на домаќинот

Ракометарите на Алкалоид со убедливо издание ја потврдија фаворитската улога против Струга и впишаа нови бодови во домашниот шампионат. Скопскиот тим славеше со...

КупФудбал

КУП: Работнички е последниот патник во осминафиналето, откако го декласираше Вардар Неготино со ОСУМ гола

Второлигашот Работнички е последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија откако со убедливи 0:8 славеше над третолигашот Вардар Неготино за пласман во...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Работнички е последниот патник во осминафиналето, откако го декласираше Вардар Неготино со ОСУМ гола

Второлигашот Работнички е последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија откако...

Втора лигаФудбал

Љабинот Муслиу е нов тренер на второлигашот Камјани

Второлигашот Камјани го назначи новиот шеф на стручниот штаб, кој ќе го...

КупФудбал

КУП: Работнички е последниот патник во четвртфиналето, откако го декласираше Вардар Неготино со ОСУМ гола

Второлигашот Работнички е последниот патник во четвртфиналето од Купот на Македонија откако...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера ја „прегази“ Санта Колома како на тренинг во Струмица, Шириќ со хет-трик

Македонскиот младински шампион Брера Струмица со убедливи 8:0 го совлада тимот на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!