КупФудбалФутсал

Финале за титула и доминација: Перфектниот Проект против Кеги Моби во битка за Купот!

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели

Во големото финале од футсал Купот на Македонија ќе се сретнат екипите на Проект и Кеги Моби, во дуел кој ветува вистински спектакл.

Тимот на Проект влегува како апсолутен фаворит – единствен непоразен состав во македонскиот футсал оваа сезона, во сите конкуренции. Клубот од Јосифово веќе ја обезбеди шампионската титула, а сега има јасна цел – да ја освои и Куп-титулата и да ја заокружи сезоната со „двојна круна“.

Доминирајќи во текот на целата сезона, Проект делува моќно и сигурно, со офанзива која буквално ги „решета“ противничките мрежи. Иако работата во првенството е завршена, амбицијата е јасна – да се остане перфектен и во преостанатите три кола, без ниту еден пораз.

Во полуфиналето, Проект без никакви проблеми го декласираше Клими со убедливи 11:0, во натпревар кој помина без вистинска неизвесност и само ја потврди нивната супериорност.

Од другата страна, Кеги Моби до финалето стигна по многу потежок пат. Велешани мораа да се борат до последен момент и преку пенали го елиминираа Јувентус Серава, покажувајќи карактер и смиреност во клучните моменти.



Токму затоа, финалето ќе биде судир на два различни патишта – доминантниот и перфектен Проект против мотивираниот и борбен Кеги Моби, кој ќе се обиде да го сопре шампионот.

Во наредниот период ќе биде познато и каде, како и кога ќе се одигра финалниот натпревар од футсал Купот на Македонија.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Пријателски меч на третолигашите Овче Поле и Борец

Утре ќе биде одигран пријателски меч меѓу Овче Поле и Борец, кој ќе се одигра на Градскиот стадион во Свети Николе со почеток...

Трета лигаФудбал

Спировски: Во недела одиме по историја во Струга, јас ветувам дека Втора лига ќе ја донесам во Могила!

Во рамки на 16. коло од Трета лига – Југозапад, љубителите на фудбалот ќе имаат можност да проследат вистинско дерби, откако второпласираната Могила...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Пријателски меч на третолигашите Овче Поле и Борец

Утре ќе биде одигран пријателски меч меѓу Овче Поле и Борец, кој...

Прва лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе им суди на Башкими и Вардар, Александар Урошевиќ главен на Арената

Утре се играат нови два натпревари од 30. коло на Првата македонска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!