Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Охридскиот стадион добива модерен лик – нова трибина на „Билјанини Извори“ веќе во изградба!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид добива нов лик, откако започна изградбата на нова трибина која значително ќе ги подобри условите во овој спортско-рекреативен комплекс во нашиот најголем туристички центар во Македонија.

По уривањето на старата монтажна трибина, на истата локација веќе се поставени темелите, а градежните активности се во полн ек. Работите напредуваат според планот, а објектот полека го добива својот конечен облик.

Камерата на Спортска Мрежа го забележа текот на изградбата, а во видеото може да се види и како ќе изгледа новата трибина по нејзиното завршување.

Според нашите информации, по комплетирањето на главната трибина, планирано е поставување и на дополнителни монтажни трибини зад головите, како и инсталирање на рефлектори, што ќе овозможи одигрување на натпревари и во вечерни термини.

Со оглед на тоа што во рамки на СРЦ „Билјанини Извори“ веќе постојат терени со природна и вештачка трева, како и непосредната близина на спортската сала, тениските и кошаркарските терени, овој комплекс претставува сериозен чекор напред кон развој на спортско-туристичкиот потенцијал на Охрид.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите, пријавување, мерење и лекарски прегледи. Македонските кикбоксери ќе ги дознаат противниците...

Останати репрезентацииРепрезентација

Радовишанецот Мирко Василев ќе ја претставува Македонија на Европското првенство во кик-бокс во Скопје!

Радовиш ќе има свој претставник на претстојното Европско првенство во кик-бокс, кое ќе се одржи од 6 до 15 ноември во Скопје. Мирко...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Трите бодови останаа во Кавадарци: Тиквеш со минимален резултат го доби Скопје

Тиквеш го совлада Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13.коло во...

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!