Ракомет

Политиката на страна: Охрид повикува на фер поддршка за историски реванш!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид е на чекор до ново историско достигнување на европска сцена, а пред клучниот реванш против Олимпијакос, од клубот испратија јасна порака до јавноста – салата „Билјанини извори“ да биде вистински ветер во грб за „гладијаторите“.

Охрид славеше на првата пресметка од четвртфиналето на ЕХФ Европскиот куп против Олимпијакос на гостински терен со 31-26 и со тоа направи голем чекор кон пласман во ТОП 4.

ФОТО: ГРК Охрид

Сепак, и покрај предноста, во таборот на охриѓани владее претпазливост, со јасна порака дека работата сè уште не е завршена и дека претстојните 60 минути на домашен терен ќе бидат пресудни.

Во пресрет на реваншот, а имајќи ги предвид случувањата од минатата сезона во финалето меѓу тим од Автокоманда и АЕК Атина, двете екипи постигнаа договор натпреварите да минат без присуство на гостински навивачи, и во Атина и во Охрид.

Токму затоа, од ГРК Охрид упатија апел за фер, спортска и достоинствена атмосфера, со силна поддршка од домашната публика.

,,Почитувани охриѓани, симпатизери, навивачи и љубители на ракометот!

ГРК Охрид за градот од коло во коло на Европската сцена пишува историја! Одигравме одличен натпревар во Атина и се вративме како победници. Но, имаме уште 60 минути на домашен терен.

Бевме одлично примени од екипата на Олимпијакос и натпреварот помина во одлична ракометна атмосфера. Ја повикувам публиката, симпатизерите и навивачите во сабота да бидат 8-от играч на ГРК Охрид и ветер во грб на нашите гладијатори. Ве молам со фер и најкоректно навивање и поддршка за нашите момци да му помогнете на клубот. Транспарентите во преполната сала Билјанини Извори да бидат исклучиво за поддршка на нашиот клуб и Македонија, да ја оставиме политиката настрана и да му помогнеме на нашиот град да испишува историја!”– порача спортскиот директор на ГРК Охрид, Славчо Ристески.

ФОТО: ГРК Охрид

Со предност од првиот натпревар и поддршка од домашната публика, Охрид има идеална можност да ја круниса европската приказна. Остануваат уште 60 минути во кои „гладијаторите“ ќе се обидат да го направат последниот чекор кон полуфинале и нова страница во клупската историја.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!