Ракомет

Прилеп го задржа тренерот Танески и двајцата клучни играчи Димитриоски и Шипинкоски

Сподели
ФОТО: РК Прилеп
Сподели

Ракометниот клуб Прилеп прави важен чекор кон стабилност и континуитет, откако официјално ја продолжи соработката со тренерот Наум Танески и двајца од клучните ракометари – Димитар Димитриоски и Никола Шипинкоски.

Стружанецот Танески и во наредната сезона ќе го предводи тимот од клупата, додека најдобриот стрелец Димитриоски останува да биде главна офанзивна опција на прилепчани. Во составот ќе продолжи и десниот бек Шипинкоски, кој се приклучи на тимот од Охрид во текот на сезоната и брзо се наметна како значаен дел од ростерот.

Со овие потези, Прилеп го задржува костурот на тимот и испраќа јасна порака дека амбициите за следната сезона се повисоки. Иако оваа сезона настапува во плеј-аут фазата од Суперлигата, клубот веќе ги поставува темелите за посилен резултат и евентуална борба за плеј-оф позициите за следна сезона.

Од клубот потврдија дека договорите се официјално продолжени, со желба новата сезона да донесе многу повеќе победи и успех за прилепскиот ракомет.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Башкими го шокира фаворитот Струга Трим Лум и освои големи три бода!

Башкими приреди големо изненадување, совладувајќи ја фаворизираната Струга Трим Лум со 2-1 на домашен терен во Куманово, во последниот натпревар од деветтото коло...

Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на првенствените натпревари. Стружани денеска ќе му гостуваат на Башкими во Куманово,...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!