Трета лигаФудбал

ФОТО: Големиот Игор Џамбазов на чело на ФК Дојранско Езеро!

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб ФК Дојранско Езеро добива нова енергија и сериозна организациска структура, откако беше формирана нова управа составена од луѓе кои искрено го сакаат фудбалот и веќе имаат дадено значаен придонес во спортот.

На чело на клубот како претседател застанува легендарниот Игор Џамбазов – актер, музичар, ТВ-водител и еден од најпрепознатливите јавни личности во Македонија, кој сега ја започнува својата нова спортска приказна, ексклузивно дознава Спортска Мрежа, а за што потврдија и од клубот.

Покрај него, дел од управата се и Мишел Истатов кој е син на Благој Истатов, Кирил Изов кој е селектор на женската фудбалска репрезентација на Македонија и тренер на ЖФК Истатов и Дине Бојаџиев, додека функцијата секретар ќе ја извршува Иле Поп Костов.

Клубот од Нов Дојран, кој моментално се натпреварува во Трета македонска фудбалска лига – Исток, покрај сениорскиот тим располага и со младински категории, што претставува важна основа за развој на идните генерации.

ФК Дојранско Езеро е основан во 1978 година и својот најголем успех го има со настапите во Втора македонска фудбалска лига. Клубот располага со сопствен стадион и одлична спортска инфраструктура, што му дава потенцијал за понатамошен раст.

Особено емотивна димензија на оваа приказна дава поврзаноста со легендарниот Благој Истатов. Клубот имал огромно значење за него, а денес неговото семејство – Истатови, ја продолжуваат традицијата и љубовта кон клубот.



Токму Игор Џамбазов, кој бил близок пријател со Истатов, на меморијалениот турнир во Струмица во чест на Благој Истатов откри интересна анегдота – дека токму Благој Истатов е „виновен“ што ја развил неговата љубов кон фудбалот.

Дополнително, Џамбазов сподели дека во една сезона дури бил и физиотерапевт во клубот од Дојран.

Сега, судбината повторно го враќа во истиот клуб – но овојпат во многу поважна улога.

Со новата управа и со човек како Игор Џамбазов на чело, ФК Дојранско Езеро добива силен импулс и надеж за подобри резултати и враќање на старите успеси.

Дојранчани влегуваат во ново поглавје – со традиција, емоција и големи амбиции.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Брегалница ја освои Струмица, Скопје го исфрли во „аут“ Охрид за Прва лига, Шкендија Арачиново убедлива!

„Колото кое решава голема судбина“ во Втората лига ги донесе двете дерби пресметки во Струмица и Автокоманда. Во рамки на денешното 27. коло...

Трета лигаФудбал

Лога: Максимално сме подготвени за три бода против Могила, сакаме шампионска титула и влез во Втора лига

Утре се игра големото дерби во Трета лига – Југозапад меѓу лидерот Влазними и второпласираната Могила, дерби кое ќе решава многу работи за...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Дерби на Тиверија и Саса, Истатов на Пржино го чека Љуботен

Две дерби пресметки во Првата женска фудбалска лига носи 23. коло, а...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 27. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе стартува 27. коло на Втората македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!