Останато

Пролетна жетва на медали од “Тирана Опен 2026” за Македонската традиционална таеквон-до федерација

Сподели
Сподели

Македонската традиционална таеквон-до федерација викнедов учествуваше на Меѓународниот натпревар “Тирана Опен 2026” во соседна Албанија. Под водство на Марјанчо Лазаревски, Саша Поповски и Божидар Димитриевиќ боите на Македонија ги бранаеа 29 натпреварувачи од пет клубови на М.Т.Т.Ф.

На овај наптревар учествуваа околу 200 натпреварувачи од 7 земји од Европа, Албанија, Македонија, Србија, Косово, Шведска, Австрија и Украина.

Најбројни беа натпреварувачите на Украина па повеќето финални и полуфинални борби нашите натпреварувачи се бореа против нив.

Вкупно како федерација освоени се 15 златни медали, 13 сребрени, 14 бронзени, 2 пехари за најдобри поединци и Пехар за трето место севкупен пласман.

“Како претседател на Федерација сум премногу горд на овај успех и сум благодарен на нашите натпреварувачи што дадоа се од себе да ја претстават Македонија во најубаво светло, посебно ме радува фактот дека најповеќе се осовени златни медали во однос на сребрени и бронзени, што е многу редок случај, што е показател дека одиме во нагорен показател во однос на квалитетот на нашите натпреварувачи. Посебно сакам да пофалам дел од нашите решрезентативци кои уествуваа на овај натгпревар и сите се закитија со златни медали во борби што покажува дека се во добра форма, Миа Танеска, Владимир Димитриевиќ, Божидар Димитриевиќ, Теодора Митреска која се закити и со пехар за најдобра сениорка”, рече Марјанчо Лазаревски.

Во дисциплината Бест оф д бест над 18 години се бореа Теодора Митреска, Владимир Димитриевиќ кој беше спортист на годината на општина Охрид, Божидар Димитриевиќ и освојувајќи награди од по 100 евра.

Истотака за пофалба е Христијан Шибаковски од Хва Ранг ИТФ, кој беше избран за спортска надеж на општина Охрид за 2025 година кој во дисциплините форми и борби освои два златни медали и беше награден со пехар за најдобра кадет до 14 години. Неговиот пример го следеше и Павел Џикоски од Сонкал осовјувајчи два златни медали во дисциплините форми и борби, но за жал не му беше доделн пехар за најдобро дете.

Следен предизвик за М.Т.Т.Ф е учество на Европско првенство на Крит, кое ќе се одржи од 19-26.04 2026 година, во тек се припремите каде 7 натпреварувачи ќе ги бранат боите на Македонија.

  • Остварени резултати

Хва Ранг ИТФ

1,       Теодора Митреска

–        1 место борби 18-34г. 65кг

–        1 место форми црвен појас/  18-34г

–        2 место борби 16-17г. 65кг

–        1 место борби Бест оф д бест 100€

–        Пехар за најдобар поединец 18-34г.

2.       Христијан Шибаковски

–    1 место борби 12-13г 40кг

–    1 место форми жолт виши

–     пехар за најдобар поединец 12-13год

3.       Миа Танеска

–        1место борби 12-14г. -65кг.

–        3место форми црвен појас 12-14г

4,       Мелани Стојановска

–        1место борби  8-9г. -30кг

5.       Емилија Трајческа

–    1 место форми бел виши  8-9г

–    2  место борби 9-10г. 30кг

6.       Адријана Китаноска

–        3 место борби 12г. 57кг

7.       Јана Влаоска

–        3 место борби 12г. 55кг

8.       Филип Митрески

–        2место борби 15-17г. 68кг.

–        2место форми плав појас 15-17г.

ГЕ БЕК

1.        Владимир Димитриевиќ

– 1 место борби Бест оф д бест 100€

2.        Божидар Димитриевиќ

– 1 место борби Бест оф д бест 100€

3.        Иван Шундовски

– 1 место форми,

– 3 место борби

4.        Михаил Гошевски

– 3 место форми,

–1 место борби

5.        Димитар Андоноски

– 2 место борби

6.        Медина Мусиќ

– 2 место борби

7.        Марија Тунтеска

– 2 место борби

8.        Виктор Рунчески

– 2 место форми,

– 2 место борби

9.        Андреј Рунчески

– 3 место форми,

– 3 место борби

СОНКАЛ

1.      Павел Џикоски

–        1место форми 9-10г бел појас

–        1место борби 41кг 9-10г

2.     Јаков Гагалески

–        3 место борби 8год, 23кг

–        2место форми  бел виши појас,  8год

3.     Дамјан Гагалески

–         2место форми  Бел виши појас  8г.

–        3 место борби 8г. 21кг

4.     Кристијан Гагалески .

–        3 место  борби 10-11, 27кг

5.     Максим Шулески

–        3 место форми 9 г жолт појас

МАСТЕР

1.      Евгенија Трајкоски

–        1 место форми 10-11 бел виши

2.      Мартин Нанески

–        2 место борби  13г. 51кг

3.      Анастасија Ристеска

–        3 место борби 12-14г. 65кг

–        2 место форми  12-14г. Зелен појас

ЧОНЏИ

1.      Михаил Крстаноски .

–        3место борби 16г. 56кг

–         3место форми плав појас  16г.

Пехар за освоено трето место севкупен пласман.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен над Детонит Плачковица со резултат од 3:1, извештајот на Спортска Мрежа...

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера беше отворено со еден меч. Тимот на Кравари ја имаше највисоката...

Поврзани написи
Останато

Дарија Крстевска ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во атлетика во Копенхаген

Младата македонска атлетичарка Дарија Крстевска за прв пат ќе ја претставува Македонија...

Останато

Ѓорческа загуби во второто коло на турнирот во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го мине второто коло...

Останато

Ѓорческа ја елиминира седмата носителка и обезбеди второ коло во Анталија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го започна настапот на ВТА 125...

Останато

Бучим Радовиш со Зајков, Усеинов и Атанасов на силниот „President Cup“ во Белград

Меѓународниот боречки турнир „President Cup“ денеска започнува во Белград, Србија, а на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!