Трета лигаФудбал

Убедлива победа за Ржаничино, Демири носи три бода за “лисиците”, три бода за Кадино

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Ржаничино забележа убедлива победа од 1:4 на гостување кај Лопате во меч од 17. коло на Трета лига – Север. За домаќинот единствен стрелец беше Биљали Хасан, а за гостинот стрелаа Халил Калач како двоен стрелец и по еднаш Петре Тасевски и Симеон Здравковски.

Студеничани со 2:1 славеше домашна победа над Пчиња со головите на Хамит Абази и Хамза Кадриу, а за гостинот погоди Далибор Тодоровски во 84. минута.

Конечно радост преку пресврт за некогашниот второлигаш Кадино кој со 3:2 го доби составот на Беса од Слупчане. За домаќинот погодија Стефан Благојевски, Никола Спасевски и Никола Миновски.

За гостинската екипа стрелци беа Ридван Исмаиљи и Шуајб Јашари.

Аеродром на домашен терен се соочи со Беса од Сарај, каде гостинот со 1:2 беше подобар, а благодарение на погодоците на Куртиш и Мустафа, а за домаќинот погоди Бобевски.

Башкими Љуботен го пречека фаворитот БВК Коњаре, но загуби со 1:3, откако гостинот славеше со головите на Чалафи и двојниот стрелец Бакиевски, а за домашните стрелаше Љамалари.

Лидерот Еуромилк ГЛ забележа победа над Отља на гостински терен со резултат од 0:2 со двата гола на искусниот Хусеин Демири.

Фортуна дома играше со Куманово каде исходот беше 1:1. За домашните стрелец беше Исмаили, а гостите Мемеди.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Јана Анастасовска постави нов национален рекорд за девојчиња под 16 години во дисциплината 60 метри со пречки

Младата атлетичарка на АК Куманово, Јана Анастасовска, постави нов национален рекорд за девојчиња под 16 години во дисциплината 60 метри со пречки, на...

Останато

Дарија Крстевска постави нов младински национален рекорд во полумаратон

Македонската атлетичарка Дарија Крстевска, членка на АК Олимп, постави нов национален рекорд за младинки до 20 години во полумаратон, откако на своето деби...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, стратегот продолжува во Кувајт

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, младиот стратег кариерата ја продолжува...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Тренерска промена поради лоши резултати: Влатко Новаков го презеде третолигашот Карбинци

По пет одиграни кола третолигашот Карбинци има пет порази на толку натпревари...

Втора лигаФудбал

Спирко Златков нов тренер на Осогово, второлигашот од Кочани и со нов тренер на голмани

Второлигашот Осогово го назначи Спирко Златков за нов шеф на стручниот штаб,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!