Трета лигаФудбал

Могила ги освои бодовите во Охрид, Караорман и Кораб со високи победи

Сподели
Сподели

Денес се одиграа натпреварите од 11. коло на Трета лига – Југозапад или втора пролетна рунда.

На теренот со вештачка трева во Охрид екипата на Света Троица ги одмери силите со Могила, каде исходот беше победа за гостинот од 1:3.

Никола Угриноски погоди за домаќинот, а за гостинот Мики Талевски, Хакан Алимовски и Андреј Ристевски.

Во Дебар се соочија Кораб и Славеј од Мешеишта, а таму домаќинот беше подобар со 4:2. За домашниот тим стрелци беа Елезоски, Мерсовски и Леши, а за гостинот Ќитановски и Крстески, а Аќимовиќ си постигна автогол.

Демир Хисар на домашен терен со Кравари одигра 0:0.

Вчера, екипата на Караорман со 3:0 на домашен терен славеше висока победа над Напредок од Ношпал. Стружани до овој триумф стигнаа преку голот на Цветан Глигороски кој погоди во 10. минута за отварање на резултатот, а во 23. минута Ненад Балоски беше сигурен за 2:0.

Во вториот дел Караорман до конечниот резултат стигна преку гол на Лука Богданоски за конечни 3:0.

Во оваа коло слободна беше екипата на Влазними.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!