Останато

Трета Куп титула во низа за Штип УГД – штипјани веќе доминираат во македонската одбојка!

Сподели
ФОТО: ОФМ / Вангел Тануровски
Сподели

Одбојкарите на Штип УГД ја одбранија куп-титулата и стигнаа до третиот пехар во низа откако во финалето на 33. издание од Купот на ОФМ 2026, со 3:1 (25:17, 22:25, 32:30, 25:13) го победија Борец.

Противниците одиграа одлично финале, богато со убави поени, емоција, надмудрување… Сепак штипскиот состав покажа поголема константност и предводена од најкорисниот играч Стојан Илиев, како и одлично расположените Задмард, Јуниор, Арсов, Мирасчиев, Стојанов… кои го следеа дојде до „хет-трик“ во куп-натпреварувањето.

Кусо беше неизвесно на стартот од мечот, 2:2, за потоа бранителот на титулата да наметне свое темпо и да направи комотна предност 14:9, односно 17:10. Се обиде Петре Жабев на двапати да ги консолидира своите редови, но не успеја во тоа. Користејќи ја втората сет-топка, со 25:17, Штип УГД поведе со 1:0.

ФОТО: ОФМ / Вангел Тануровски

Егал стартуваше и вториот сет 4:4, но следуваше серија од 0-6 за Борец, која му донесе предност од 4:10. Се разиграа Оливеира, Бастос, Ивковиќ и Димовски, па предноста на велешани растеше (12:20). Во финишот на сетот Штип УГД полека почна да се враќа и со поангажирана игра и во поле и на мрежа се доближи на 19:24, но Борец со 22:25 го затвори сетот за изедначување 1:1.



Маратонски трет сет одиграа ривалите. Сет кој беше игра на нерви и на моментална инспирација. Штип УГД поведе со 3:1, но Борец веднаш се врати и се играше изедначено, најчесто поен за поен, а на 6:8 велешкиот тим за првпат имаше плус два. Таквата предност ја зголемија, 11:14, односно 15:18. „Бркаше“ резултат бранителот на пехарот се до 22:22 кога Илиев донесе изедначување. Следуваше долга серија на убави поени, надмудрување и вистинско мерење на силата на противниците, а „рулетот“ му припадна на Штип УГД со 32:30.



Штип УГД уште посилно влезе во продолжението, поведе со 6:2, односно 10:4 и според агресивноста која ја покажа на теренот даде до знаење дека нема да му дозволи на Борец да се врати во игра. Во средината на сетот веќе беше 15:7, т.е. 19:9, па тренерот Жабев направи комплетна промена на поставата и им дозволи и на помладите одбојкари во неговиот состав да го почувствуваат финалето. Истата пракса ја примени и предводникот на Штип УГД, Кристиан Ристески, а дуелот заврши со 25:13 и победа од 3:1 во сетови за штипскиот клуб.

Куп-пехарот трета година во низа останува во Штип, а сега следува битката за шампионската титула во првенството, за која одново овие два клуба се главни кандидати.



Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!