Останато

Куп-сензација: Историски пехар за Вардар ЕМ!

Сподели
ФОТО: ОФМ / Вангел Тануровски
Сподели

Дебитантот Вардар ЕМ е освојувач на 33. издание од Купот на ОФМ 2026 во женска конкуренција, откако во финалето со 3:0 (25:22, 25:12, 25:22) го победи бранителот на титулата Наковски Волеј.

Каква куп-бајка, апсолутна сензација беа „црвено-црните“ девојки, не само во финалето, туку и низ целото куп-натпреварување годинава и стигнаа до историски клупски пехар. Тимот на Јован Шапе покажа константност која стартуваше во осминафиналето по победата над Фит Фан Волеј, потоа елиминираа фаворит, Работнички Скопје, а потоа во полуфиналето ги „исфрлија“ и Газели Волеј. Ниту бранителот и еден од најсериозните кандидати за шампионската титула Наковски Волеј не успеја да им застане на патот.

Подобро отворање не можеше да посака дебитантот во куп-финалето, Вардар ЕМ, со серија од 3:0 на стартот, која со одличниот сервис на Ива Стојчевска ја претвори во водство од 8:1. Се обиде Хари Наковски да ги смири своите девојки, со тајм-аут, но не успеја во тоа. Потребно беше да направи промена во поставата струмичкиот тренер за неговата екипа да ја стабилизира играта.  Во прилог им одеа и техничките грешки кои ги направија „вардарки“, па првото изедначување стигна на 14:14. Но тогаш се „разбуди“ блокот на „црвено-црните“ за нова предност од 18:14, односно 20:15. Вардар ЕМ иташе кон убедливо освојување на првиот сет, но му беа потребни дури шест сет-топки на Вардар ЕМ за да поведе со 25:22.

ФОТО: ОФМ / Вангел Тануровски

Вториот сет понуди неизвесност само за кратко (2:2), а потоа одново иницијативата ја превзема дебитантот. Наковски беше принуден да ги земе и двата тајм-аути во кус временски период затоа што неговата екипа беше комплетно надвор од фокус. Убедливи 16:6 имаше Вардар ЕМ во средината на вториот сет, а бранителот на титулата немаше никакво решение за играта на противникот. Влегуваа од грешка во грешка, а тоа ги чинеше убедливо загубен сет, 25:12.

По негативата од 2:0, Наковски Волеј комплетно ја загуби својата игра, па „вардарки“ во третиот сет влегоа со 8:0, односно 14:4. Јасно беше дека му се „лизна“ од раце куп-пехарот на струмичкиот состав, кој со сите сили се обидуваше да се избори за пресврт. Се доближија на 19:16, односно 22:21 Наковски Волеј, но од „црвено-црниот“ табор не оставија ништо на случајност, реагираа со пауза од 30 секунди и со 25:22 и победа од 3:0 стигнаа до историски пехар.

Капитенот на Вардар ЕМ Ана Јаничиќ беше прогласена и за најкорисен играч на Купот на ОФМ 2026 во женска конкуренција.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!