Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Брегалница со евроголот на Лука Ѓеоргиев го доби дербито со Охрид, Скопје е нов лидер!

Сподели
Сподели

Охрид не можи против традицијата – 17 години никако да ја победи Брегалница, вечерва евроголот на Лука Ѓеоргиев ги расплака „рибарите“ кои се враќаат во дома поразени со минимални 1:0, но го загубија и лидерското место. Поранешниот голман на Брегалница кој се врати во тимот на Охрид беше немоќен да реагира при еден таков силен и максимално прецизен удар

Само еден гол го реши дербито под рефлектори во Штип, а 22-та рунда донесе и нов лидер сега Скопје изби на челната позиција со 50 бодови на своето конто, а пак Охрид, Брегалница и Шкендија Арачиново го делат третото место со по 49 бодови.

„Мртвата трка“ за првото место се заострува и продолжува меѓу овие четири екипи.

Извештајот на Спортска Мрежа за натпреварите од 22. коло е достапен овде.

Главниот судија Бењамин Ќерими подели три жолти картони кај Брегалница и четири кај Охрид, но жолти картони имаше и кај официјалните лица.



Александар Митрев кој е тренер на голманите на Брегалница во 39. минута доби два жолти картони со што мораше да ја напушти клупата на „сините“, а пак тренерот на Охрид, Ромео Кочоски заработи жолт картон.

Атмосферата беше одлична, иако денес одбојкарите на Штип УГД играа финале во Купот на Македонија во Скопје, сепак трибината на Градскиот стадион во Штип беше исполнета до последното седиште.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера ја „прегази“ Санта Колома како на тренинг во Струмица, Шириќ со хет-трик

Македонскиот младински шампион Брера Струмица со убедливи 8:0 го совлада тимот на Санта Колома во меч на тотална доминација за следна фаза од...

Ракомет

Ќосевски пред Мулти Есенс: „Нè очекува млада и борбена екипа, но нашата цел е јасна“

По значајната победа во дербито со Алкалоид на домашен терен, ракометарите на ГРК Охрид ги очекува нов предизвик во Супер лигата. Во рамките...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера ја „прегази“ Санта Колома како на тренинг во Струмица, Шириќ со хет-трик

Македонскиот младински шампион Брера Струмица со убедливи 8:0 го совлада тимот на...

Втора лигаФудбал

Раде Цицмиловиќ се врати во Беласица, дебито ќе го има на градското дерби со Брера!

Она што Спортска Мрежа го најави во текот на вчерашниот ден, доби...

КупФудбал

Денеска се дознава последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија!

Денеска ќе биде комплетиран списокот на осминафиналисти во Купот на Македонија. Последното...

ФудбалФутсал

Клими пропушти три гола предност и ремизираше со СЕЕ Универисити, откако прими гол во финишот

Без победник заврши дуелот во Кавадарци каде Клими и повратникот СЕЕ Универисити...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!