Останато

Наковски Волеј и Вардар ЕМ во финалето од одбојкарскиот Куп кај дамите

Сподели
ФОТО: ОФМ / Вангел Тануровски
Сподели

Актуелниот бранител на Куп титулата Наковски Волеј обезбеди финале каде ќе се соочи со Вардар ЕМ за одбрана на Куп титулата.

Екипата на Наковски Волеј со 3:1 во сетови го доби штипски Младост УГД и со тоа тимот ќе има можност да ја брани титулата во големото финале.

Првите два сета ги доби Наковски Волеј со резултат од 25:20 и 25:22, а потоа Младост УГД го доби третиот сет со 22:25 за 2-1 во сетови.

Бранителот Наковски Волеј во четвриот сет беше максимално перфектен и со 25:12 го освои сетот и го исфрли штипскиот тим со што се чекираше во големото финале.

Вардар ЕМ во дебитантскиот настап на завршниот турнир успеа да стигне до големото финале откако славеше над Газели Волеј со 3:0 во сетови.



Освен во првиот сет кој заврши со 25:21 во останатите два сета доминираше Вардар ЕМ со 25:16 и 25:14.

Финалето се игра в сабота во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје со почеток од 17:30 часот.



Сподели

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Скопје домаќин на Европското сениорско првенство во кик бокс, Македонија со 33 натпреварувачи ќе атакува на медал

Во Скопје вчера во попладневните часови свечено беше отворено Европското сениорско првенство во кикбокс.  Натпреварите се одржуваат во спортскиот центар „Јане Сандански“, а...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Поврзани написи
Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во...

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот...

Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!