РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Ни се распадна системот по примениот прв гол

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонија го заврши мундијалскиот сон во Копенхаген откако со 4:0 загуби од Данска.

По мечот селекторот Гоце Седлоски зборуваме за мечот и за тие клучни десет минути на стартот од вториот дел.

„Сакам да им честитам на Данска за пласман во финалето. Задоволен сум од првото полувреме, иако Данска правеше инцијатива знаеме уште пред натпреварот со какви играчи располага им пренесов на играчите на полувреме да излеземе малку да играме фудбал и да внимаваме првите десет минути да не примиме гол. Но, се случи таа 48. минута кога го примивме голот. Ни се распадна системот и Данците покажаа моќ. Стравував од играта по страните имавме проблем со придодавање на бековите на Данска и не успеавме да се одбраниме. Тажни сме сите за поразот, им благодарам на навивачите кои ни дадоа поддршка и верувам дека во иднина ќе ги израдуваме со добар резултат“, рече селекторот Гоце Седлоски по мечот.

Данска против Чешка ќе игра во финалето за пласман на Светското првенство, а Македонија против Ирска ќе игра „пријателски“ меч кој нема никакво резултатско значење.

Сподели

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Скопје домаќин на Европското сениорско првенство во кик бокс, Македонија со 33 натпреварувачи ќе атакува на медал

Во Скопје вчера во попладневните часови свечено беше отворено Европското сениорско првенство во кикбокс.  Натпреварите се одржуваат во спортскиот центар „Јане Сандански“, а...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Скопје домаќин на Европското сениорско првенство во кик бокс, Македонија со 33 натпреварувачи ќе атакува на медал

Во Скопје вчера во попладневните часови свечено беше отворено Европското сениорско првенство...

Останати репрезентацииРепрезентација

Четири борби, четири победи – Душица Бресалиева го освои златниот медал на Грција Опен Е1 2026

Македонската репрезентативка во таеквондо, Душица Бресалиева од ТК Штип, оствари извонреден успех...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!