Трета лигаФудбал

Орхан Мифтар е најдобар стрелец во Трета лига – Север, кој може да го стигне?

Сподели
ФОТО: ФК Еуромилк ГЛ
Сподели

По 16 одиграни кола во Трета лига – Север најдобар стрелец со 20 постигнати погодоци е искусниот Орхан Мифтар кој настапува во дресот на лидерот Еуромилк ГЛ.

Најблиску до Мифтар е Стефан Богдановски, фудбалерот на Аеродром има постигнато 19 погодоци и борбата за тоа кој да биде најдобар стрелец во Трета лига – Север ќе се води меѓу овие двајца фудбалери.

Трет најдобар стрелец е Гезим Бакиевски, фудбалерот на БВК Коњаре има 15 погодоци, а овој тим може да се пофали и со Елмир Алији, кој има 14 погодоци.

По десет погодоци имаат постигнато Халил Калач (Ржаничино), Димитар Стојановски (Еуромилк ГЛ) и Руфат Чалафи (БВК Коњаре).

По девет погодоци имаат Бејтула Авдуали (БВК Коњаре) и Кристијан Златковски (Куманово)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!