Втора лигаФудбал

ФОТО: Ангел Бојаџиев нов претседател на Брегалница – веднаш активности во клуб од Штип!

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

Од денес нов претседател на фудбалскиот клуб Брегалница е Ангел Бојаџиев, кој веќе ја презеде функцијата и на самиот старт веднаш се започнати неколку активности.

Бојаџиев ја презема Брегалница во моменти кога клубот води борба за влез во Првата лига, а тој и во минатото ја извршуваше оваа функција, што за него ова ќе биде позната средина.

Инаку, веднаш се преземаат инфраструктурни активности за подобрување на теренот и стадионот комплетно пред дербито со Охрид, кое се игра во сабота под рефлектори со почеток од 18 часот, за што Спортска Мрежа ексклузивно прва објави.

Од клубот информираат дека влезот за дербито со Охрид ќе биде бесплатен, што значи дека штипјани и верните навивачи ќе го наполнат стадионот како силна поддршка за „сините“ на Влатко Костов за дербито со „рибарите“.

ФОТО: ФК Брегалница

Брегалница е четврта на табелата со 46 бодови и има три помалку од Охрид кој е лидер со 49 бодови. Само првото место директно води кон елитата, вториот и третиот играат бараж за влез во Прва лига за сезона 2026/2027.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!