РепрезентацијаФудбалска репрезентација

„Пекол“ во Копенхаген: Македонија ќе игра пред преполн „Паркен“ во баражот со Данска!

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација ја очекува тежок предизвик во полуфиналниот бараж против Данска, кој в четврток ќе се одигра во Копенхаген, во амбиент каков што ретко се гледа – пред комплетно исполнет стадион.

Од данската федерација потврдија дека сите билети за „Паркен“ се веќе продадени, што значи дека околу 37.000 навивачи ќе создадат силен домашен притисок врз избраниците на селекторот Гоце Седлсоки.

И покрај тоа, Македонија ќе има и своја поддршка на трибините, бидејќи за нашите навивачи беа резервирани околу 1.000 места, кои исто така се распродадени.

Влогот е огромен – победникот од овој дуел ќе се пласира во финалето од баражот, каде ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу Ирска и Чешка, во битка за место на Светското првенство.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!