РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Горан Станиќ: Не очекуваат две исклучително тешки гостувања против Италија и Ерменија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Младата репрезентација на Македонија до 21 година влегува во нов квалификациски предизвик за Европското првенство 2027, при што ја очекуваат две исклучително тешки гостувања. На 26 март во Емполи, избраниците на Горан Станиќ ќе се соочат со силната селекција на Италија, додека пет дена подоцна, на 31 март, ќе гостуваат во Ереван против Ерменија.

Нашата млада селекција веќе ги започна подготовките, настапувајќи со делумно подмладен состав, но со јасна амбиција – да прикаже поконкурентни изданија и да се избори за позитивни резултати против ривалите.

„Нè очекуваат две исклучително тешки гостувања, но тоа е реалноста во овој квалификациски циклус. Направивме одредени промени и го подмладивме тимот со фудбалери кои ќе бидат носители и во следниот циклус, но и со играчи кои верувам дека веќе сега можат да одговорат на барањата.

Клучно ќе биде да одиграме дисциплинирано, одговорно и борбено. Мора да ги сведеме на минимум индивидуалните грешки што досега скапо нè чинеа и да извлечеме максимум од двата натпревари. Очекувам храбар пристап, без преценување или потценување на противникот, со фокус на нашата игра“, изјави селекторот Станиќ.

Во групата од квалификациите за ЕП 2027, македонската репрезентација во шесте натпревари, запиша домашна победа против Ерменија (2:1). Против Италија, во Битола, загубивме со 0:1.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Костиќ: Не очекува тешко лето, Европската лига носи големо значење за нас

Интернационалецот Лука Костиќ и техничарот на Штип УГД, Давид Стојанов беа дел...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Јонузи: Со нова енергија и оптимизам влегуваме во Европската лига

Организаторот на играта на женската сениорска репрезентација на Македонија, Ерјона Јонузи, во...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Миленкоски го скрати списокот, Македонија продолжува со подготовки во Скопје

Селекторот Јошко Миленкоски и неговиот стручен штаб решија да им овозможат краток...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Хаџииљоски: Вие сте гордоста и иднината на македонската одбојка

Потпретседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Ивица Хаџииљоски, заедно со генералниот секретар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!