Прва лигаФудбал

Филип Алексовски: Подготвени сме и мотивирани да го дадеме максимумот

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

По неочекуваниот пораз од Работнички, фудбалерите на Башкими се целосно насочени кон следниот предизвик, со јасна цел – освојување на нови три бода и задржување на стабилната позиција во средината на табелата во Првата лига.

Оптимизмот во редовите на кумановскиот тим се темели и на последниот меѓусебен дуел, во кој Башкими славеше убедлива победа од 2-0, со погодоци на Ор и Рибеиро. Напаѓачот Филип Алексовски е уверен дека тимот има квалитет да стигне до нов триумф и потенцира дека сите играчи ќе дадат максимум за да ја исполнат зацртаната цел.

„Повторно играме против Шкупи за многу краток период, овој пат пред нашата публика. По поразот од Работнички, кој малку нè изненади, сакаме да ги израдуваме нашите навивачи со победа. Овие три бода се клучни за да ја ‘бетонираме’ нашата позиција во средината на табелата. Подготвени сме и мотивирани да го дадеме максимумот“, изјави Алексовски.

Статистички гледано, Башкими досега има подобар учинок во меѓусебните пресметки со пет остварени победи, наспроти трите триумфи на Шкупи, додека само еден натпревар завршил без победник.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!