Прва лигаФудбал

Струга сигурна во Битола: триумф за чекор со водечките Шкендија и Вардар

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Струга Трим Лум продолжува да чекори сигурно во шампионатот, откако славеше на гостувањето кај Пелистер со 0-2 во рамки на 24. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Дуелот во Битола започна со мала иницијатива на домашниот тим, кој се обиде да се закани преку прекини, но без посериозна опасност по голот на стружани. Со текот на времето, гостите ја презедоа контролата и почнаа да го диктираат темпото на игра.

Таквата игра резултираше со погодок во самиот финиш на првото полувреме, кога Марјан Радески најдобро се снајде во шеснаесетникот и со удар со глава донесе предност од 0-1.

Во продолжението, Пелистер се обиде да возврати и имаше иницијатива, но без конкретна реализација. Струга знаеше како да го искористи просторот и да ја одржува предноста, а во завршницата ја завери победата.

Христијан Малески, кој влезе од клупата, го постави конечниот резултат во 86. минута и стави точка на натпреварот.

Со овој триумф, Струга останува во трката со водечките екипи на табелата Шкендија и Вардар, додека Пелистер продолжува да се соочува со сериозни проблеми во борбата за опстанок.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!