Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Беким Алимоски ја реши Победа со два гола – триумф за Големо Коњари

Сподели
Сподели

Големо Коњари стигна до втората сезонска радост откако денес пред верната публика славеше над Победа со 2:0, меч со кој се комплетираше 21. коло на Втора лига.

Ова беше дерби на две екипи кои веќе се испаднати во Трета лига – Југ, а воедно и локално дерби за прв позитивен пролетен резултат.

Херој на мечот беше Беким Алимоски кој со два гола ги обезбеди трите бодови за Големо Коњари.

Првиот пат погоди во 37. минута и погодокот го прослави со „СИУ“ на Кристијано Роналдо, а на стартот од вториот дел односно во 54. минута одново Алимоски ја стресе мрежата на Победа за конечни 2:0.

Големо Коњари е на дното од табелата со седум бодови, а пак Победа е на 14. место со 11 бодови на своето конто. Во следното коло Големо Коњари ќе го гостува во Гевгелија кај Кожуф, а пак Победа ќе биде домаќин на Детонит Плачковица.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Победа го декласираше Борец со четири гола, домашни победи за Башкими, Росоман и Бучин

Прилепска Победа пред полна стадион го декласираше Борец со 4:0 на отварањето на 6. коло на Трета лига регион 4. Домашниот состав имаше...

Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Вардар Брвеница со убедлива победа над Јехона

Вардар Брвеница со убедлива победа од 6:0 над Јехона го отвори 6. коло на Трета лига регион 6. Даниел Јандриески го отвори резултатот,...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Победа го декласираше Борец со четири гола, домашни победи за Башкими, Росоман и Бучин

Прилепска Победа пред полна стадион го декласираше Борец со 4:0 на отварањето...

Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Вардар Брвеница со убедлива победа над Јехона

Вардар Брвеница со убедлива победа од 6:0 над Јехона го отвори 6....

Трета лигаФудбал

Демир Хисар до победа од три гола против Крошу Спорт

Екипата на Демир Хисар се израдува на првата сезонска победа откако славеше...

Трета лигаФудбал

Јуниор преку пресврт го доби Липково, Победа од Тромеѓа слави домашна победа

Победа од Тромеѓа забележа победа во 6. коло на Трета лига регион...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!