Втора лигаФудбал

Дерби за Прва лига под рефлектори во Штип: Брегалница и Охрид во вечерен термин

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Дерби натпреварот од 22. коло во Втората македонска фудбалска лига меѓу Брегалница и Охрид ќе се одигра под рефлектори на Градскиот стадион во Штип, ексклузивно дознава Спортска Мрежа.

Според нашите информации, натпреварот е закажан за 28 март (сабота) со почеток од 18 часот, што ќе донесе посебен амбиент за едно од најважните соочувања во борбата за пласман во Првата лига.

Брегалница и во есенскиот дел одигра неколку натпревари под рефлектори, но ова ќе биде првиот вечерен меч за штипјани во пролетниот дел од сезоната.

Очекувањата се дека атмосферата ќе биде на високо ниво, со оглед на тоа што станува збор за директен дуел на две екипи кои конкурираат за влез во елитата. Ваквите дерби пресметки, според многумина, заслужуваат да се играат во вечерен термин, со што публиката и навивачите добиваат подобро фудбалско доживување.



Во текот на есенскиот дел од сезоната, покрај Брегалница, и Беласица имаше натпревари кои се играа под рефлектори во рамки на Втората лига, што дополнително го подигнува квалитетот и атрактивноста на натпреварувањето.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!