Прва лигаФудбал

Работнички го победи Силекс и сега може и до директен опстанок, Тиквеш ја „здроби“ Брера со шест гола!

Сподели
ФОТО: ГФК Тиквеш
Сподели

Пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига носи сериозни поместувања на табелата, а 24 коло потврди дека борбата ќе биде жестока до самиот крај. Победи запишаа Работнички и Тиквеш, секој во своја мисија – опстанок и пробив кон горниот дел од табелата.

Тимот од Дебар Маало продолжува со позитивниот ритам и со триумфот над Силекс (2-0) направи значаен чекор во борбата за опстанок. Двојниот стрелец Јован Попзлатанов беше клучна фигура во натпреварот, носејќи му на својот тим нови три бода. Со оваа победа, Работнички стигна до 22 бода и се израмни со Пелистер на делба на десеттата позиција.

Иако ситуацијата останува тешка, „романтичарите“ сега имаат само шест бодови негатива од сигурната зона за опстанок. Во следното коло ги очекува нов сериозен предизвик – гостување кај Струга Трим Лум.

Од друга страна, Силекс ја продолжи резултатската криза и останува на четвртото место со 40 бодови, но загрижува фактот што тимот нема постигнато гол на четири натпревари по ред.

Во Кавадарци, Тиквеш демонстрираше моќ и ја декласира Брера Струмица со убедливи 6-1. Со овој триумф, Тиквеш стигна до 36 бодови и се приближи на само четири бода до четвртопласираниот Силекс, со што борбата за повисок пласман дополнително се вжештува.

Брера, пак, останува на седмата позиција со 28 бодови, но може да почувствува притисок од Арсими, кој има два бода помалку и свој натпревар во ова коло.



Мечот во Кавадарци го одбележа голот со ножички на Марјан Стојанов кој беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Данаил Тасев, кој го запиша 100-тиот меч во дресот на тимот од Кавадарци, стрелци беа и Кристијан Стојкоски и Благој Стојчев. За гостите единствен стрелец беше Емрах Макич, а пак Марко Стојилевски си постигна автогол.

Останатите средби од колото носат нови возбудувања. Арсими ќе се соочи со Вардар, додека Македонија ЃП ќе игра против Шкендија. В недела, Пелистер ќе има императив за победа против Струга Трим Лум во битката за опстанок, додека Башкими ќе важи за фаворит против Шкупи.

До крајот на сезоната остануваат уште неколку кола, но веќе е јасно – нè очекува драматична завршница и на врвот и на дното на табелата.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Реј Моралес: „Го претворивме заморот во мотивација“ – Охрид покажа шампионски менталитет

Ракометарите на Охрид остварија исклучително важен триумф на гостувањето кај Алкалоид, славејќи со 27-26 и правејќи голем чекор кон задржување на втората позиција...

Втора лигаФудбал

Промена на терминот за 28. коло на Втора лига!

Втората македонска фудбалска лига стандардно се игра во сабота, но 28. коло ќе се игра во друг термин. Мечевите од оваа рунда се...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Промена на терминот за 28. коло на Втора лига!

Втората македонска фудбалска лига стандардно се игра во сабота, но 28. коло...

Втора лигаФудбал

ФОТО: ЈП „Билјанини Извори“ со интензивен третман за подобрување на тревната подлога на стадионот во Охрид

Јавното претпријатие ЈП „Билјанини Извори“ спроведува интензивни пролетни активности за подобрување на...

Втора лигаФудбал

Шкендија Арачиново има најдобра одбрана: Антонио Столевски царува на голот!

Второлигашот Шкендија Арачиново може да се пофали со неверојатна статистика кога е...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!