Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во гости, а во рамките на 13-тата рунда на Трета лига -Запад.
Даут Даути го отвори резултатот во 26. минута, а во 40. минута Ветон Бафтиари погоди за 2:0 на полувреме. Во вториот дел конечниот резултат го постави Хузри Џемаили.
Влазерими однесе убедлива победа откако со 6:0 на домашен терен го декласираше некогашниот прволигаш Ренова од Џепчиште. Во првиот дел стрелци беа Агон Хајредини кој го отвори резултатот и Леонтин Бајрами, а во вториот дел Албулен Имери беше стрелец на три гола, а еден гол постигна Јордован Мемишоски.
Во Порој немаше победник откако Скендербеу и Вардар Брвеница ремизираа играјќи 1:1. Домашниот тим преку Незир Рамадани во 14. минута погоди за 1:0, а во 28. минута Ивица Костадиноски постигна гол за конечни 1:1.
Екипата на Џеплишти со 1:4 беше убедлива на гостувањето кај Дрита, а до триумфот стигна преку пресврт.
Домашниот тим во 2. минута го отвори резултатот со голот на Бесарт Абази, а потоа гостинот преку трите гола на Метор Саљиу и голот на Беким Садики ги постави конечните 1:4.
Како што веќе објави Спортска Мрежа вчерашниот меч во Кичево меѓу Напредок и Речица не се одигра, откако гостинот не допатува за да го одигра мечот, повеќе прочитајте овде.