Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Ибраими со мајсторски гол ѝ донесе победа на Шкендија против Арсими

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалерите на Шкендија запишаа важна победа во 23. коло од Првата македонска фудбалска лига, откако на домашен терен го совладаа Арсими со минимални 1-0. Херој на тетовци беше капитенот Бесарт Ибраими, кој со одличен погодок го реши натпреварот.

Од самиот почеток Шкендија ја презеде иницијативата и се обидуваше да го наметне својот ритам на игра. Иако во воведните минути немаше многу конкретни шанси, домашниот тим успеа да ја пробие одбраната на гостите во 18. минута. Ибраими прими топка на околу дваесетина метри од голот и со прецизен удар ја затресе мрежата на голманот Ислами за водство од 1-0.

Во продолжението од натпреварот тетовци имаа повеќе од играта и создадоа уште неколку прилики за зголемување на предноста. Се заканија Фабрис Тамба, како и Трумчи со удар од дистанца, но гостинскиот голман успеа да интервенира и да спречи поубедлив резултат.



Арсими во текот на целиот меч се обидуваше да се организира во одбраната, но не успеа да создаде посериозна шанса за израмнување, па Шкендија без поголеми проблеми ја задржа минималната предност до крајот.

Со оваа победа Шкендија останува во трката за шампионската титула и по 23 одиграни кола има три бода помалку од лидерот Вардар, додека Арсими со 26 бодови се наоѓа на осмата позиција на табелата.



Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Скопје на чекор од шампионска титула, Топ Гол се одлепи од дното во трката за опстанок!

Љуботен ја губи борбата за одбрана на титулата, Скопје е на чекор да ја освои истата, откако по 18 кола е на врвот...

Трета лигаФудбал

Победа Валандово е на врвот, Овче Поле „дише во врат“ – како ќе биде до баражот за Втора лига?

По 13 одиграни кола во Трета лига – Исток, екипата на Побда од Валандово останува и натаму непоразен лидер, „калинкарите“ имаат 29 бодови...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!