Трета лигаФудбал

ФОТО: „Лисиците“ убедливи на патот кон Втора лига, три бода за Куманово, нов пораз за Кадино

Share
ФОТО: ФК Еуромилк ГЛ
Share

Лидерот Еуромилк ГЛ забележа уште една убедлива победа, откако овој пат со 1:4 славеше над Фортуна како формален гости на својот терен, во рамки на 15. коло на Трета лига – Исток.

„Лисиците“ одиграа еден фантастичен меч со контрола на истиот од почеток од крај. Не требаше многу за тимот од Горно Лисиче да го отвори резултатот преку Кирил Ристовски во 16. минута, а потоа Андреј Јаневски и Орхан Мифтар погодија за 0:3 на полувреме.

Во вториот дел Фортуна преку Шуајб Рамани намали на 1:3 во 58. минута, а по две минути Мифтар со втор гол ги постави конечни 1:4 за нова победа над „лисиците“.

ФОТО: ФК Еуромилк ГЛ

Мечот меѓу Башкими Љуботен и Аеродром заврши без победник и без погодоци (0:0), а пак тимот на Студеничани со голот на Адис Зекири од 22. минута славеше минимални 1:0 над Беса од Слупчане.

Беса Сарај слави гостинска победа од 1:3 над Лопати. Љавдрим Палику по само четири минути му донесе водство на тимот од Сарај од минимални 0:1, а дваесетина минути подоцна Ведат Бајрами погоди за 1:1 на полувреме.

На стартот од вториот дел Артан Чилафи постигна гол за 1:2, а во 66. минута Леутрим Таири ги постави конечни 1:3.

Екипите на Отља и Ржаничино ги поделија бодовите откако ремизираа играјќи 1:1. Мартин Лазев му донесе водство на гостинот во 20. минута од средбата, а пак Фатон Нуредини во 76. минута ги постави конечните 1:1.



Сигурна и висока победа имаше тимот на БВК Коњаре откако со 1:3 го доби некогашниот второлигаш Кадино во гости. Гезим Бакиевски постигна гол за предност од еден гол на гостинскиот тим.

Во вториот дел Руфат Чалафи погоди за 0:2, а Кадино преку Јусуф Мемедовски во 74. минута намали на 1:2. Сите дилеми за трите бодови ги реши Ертан Демири во 88. минута за 1:3.



Пчиња на домашен терен загуби од екипата на Куманово во меч со шест гола за конечни 2:4. За домаќинот погодија Христијан Стојчевски и Николче Стојановски во вториот дел, а за гостинот погодија Андреј Јовановски кој беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Матеј Стојковски и Кристијан Златковски.

На врвот на табелата е поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ со 43 бодови, втор е БВК Коњаре со 38 бодови, Аеродром е трет со 34 бодови, на дното е Кадино со пет бодови, Отља е претпоследна со шест бода.



Share

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер донесе засилување од БиХ: Едвин Џелиловиќ потпиша тригодишен договор

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер продолжува со градењето на тимот за новата сезона, а ново име во редовите на битолскиот клуб е босанскиот интернационалец...

Останато

ФОТО: Кавадарци добива нов спортски објект во СЦ „Јасмин“, започна изградбата на капиталната инвестиција

Започнаа земјените работи и ископот за темелите на новиот објект кој ќе биде дел од Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци, капитален проект со...

Related Articles
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...