Прва лигаФудбал

Цуцули: Не очекува тежок натпревар против Шкендија, но мора да реагираме како тим

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Екипата на Арсими  во рамки на 23. коло од Првата  Фудбалска лига ќе се соочи со Шкендија  во Тетово. Иако гостиварскиот тим е во резултатска криза, верува дека токму овој натпревар може да донесе пресврт

Дефанзивецот на Арсими, Ајрадин Цуцули, зборуваше пред важниот натпревар против Шкендија во Тетово, искрено признавајќи дека екипата минува низ тежок период.

“Свесни сме дека како тим поминуваме низ не толку добар период. Последните резултати не беа онакви какви што ги очекувавме и тоа, секако, создаде одредена криза кај нас. Сепак, во фудбалот ваквите моменти се случуваат и најважно е како ќе реагираме како екипа”, изјави Цуцули.

Тој потенцираше дека ги очекува исклучително тежок натпревар во Тетово.

“Не очекува многу тежок дуел против Шкендија. Станува збор за квалитетна екипа со традиција, која секогаш е силна на свој терен. Имаме максимален респект кон нив и свесни сме колку тешка ќе биде оваа средба”, додаде тој.

Сепак, Цуцули  верува дека Арсими има потенцијал да излезе од кризата.

“Од наша страна, ќе дадеме максимум на теренот. Се надевам дека што побрзо ќе излеземе од оваа криза и ќе почнеме да бележиме позитивни резултати, бидејќи оваа екипа има квалитет и верувам дека можеме да се вратиме уште посилни во продолжението од сезоната”,  заврши дефанзивецот на Арсими.

Натпреварот по меѓу Шкендија и Арсими ке се одигра  денес  со почеток во 14:30 часот на градскиот стадион во Тетово.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Брегалница ја освои Струмица, Скопје го исфрли во „аут“ Охрид за Прва лига, Шкендија Арачиново убедлива!

„Колото кое решава голема судбина“ во Втората лига ги донесе двете дерби пресметки во Струмица и Автокоманда. Во рамки на денешното 27. коло...

Трета лигаФудбал

Лога: Максимално сме подготвени за три бода против Могила, сакаме шампионска титула и влез во Втора лига

Утре се игра големото дерби во Трета лига – Југозапад меѓу лидерот Влазними и второпласираната Могила, дерби кое ќе решава многу работи за...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Дерби на Тиверија и Саса, Истатов на Пржино го чека Љуботен

Две дерби пресметки во Првата женска фудбалска лига носи 23. коло, а...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 27. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе стартува 27. коло на Втората македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!