Прва лигаФудбал

Ислами: За Шкендија секој меч до крајот е како финале

Сподели
Сподели

По нерешениот резултат против АП Брера на домашен терен, и победата на Вардар во Кратово, Шкендија од еден, заостанува три бода од лидерската позиција која и натаму ја имаат „црвено-црните“ од Скопје. Сега дополнително истата изнесува шест бодови, после триумфот на првопласираниот над АП Брера на домашен терен, па Шкендија нема друг избор освен освојување на три бода на домашен терен против Арсими.

Освен Шкупи, Арсими оваа пролет не победи ниту еден тим, но резултатите од минатите два меча против Шкендија треба да бидат предупредување за избраниците на Јетон Беќири дека нема да им биде нималку лесно. Арсими во Тетово освои бод, а потоа на свој терен ја совлада Шкендија со убедливи 3-0, па сега шампионот ќе ја бара првата победа над овој противник во сезоната.

„Атмосферата во тимот е одлична, и покрај тоа што резултатот на последниот натпревар не беше добар за нас. Одигравме одлично, се боревме со играч помалку, и тој гол на крајот беше разочарувачки за нас. Но, во фудбалот има вакви работи. Со Силекс тогаш дадовме гол на крајот, сега примивме, но одиме понатаму. За нас секој натпревар е како финале. Сега остануваат 11 натпревари за нас, 11 финалиња и ќе се обидеме да ги освоиме сите  можни бодови за да ја одбраниме шампионската титула. Поддршката од навивачите е добредојдена во вакви моменти. Ги поканувам сите навивачи да дојдат и да не поддржат, а јас се надевам дека ќе им вратиме со победа и на крај со титула“, рече фудбалерот на Шкендија, Дрилон Ислами.

Сподели

Не пропуштајте

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Ракомет

Еурофарм Пелистер продолжува со младинската стратегија: Белистојаноски промовиран во сениорскиот тим

Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на млади таленти во првиот тим. Клубот и оваа сезона продолжува со...

Поврзани написи
КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби...

ФудбалФутсал

Железарец шампион во Втората футсал лига – експресно враќање во елитата

Екипата на Железарец ја освои титулата во Втората футсал лига на Македонија...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Нова „нула“ за „рибарите“: Охрид ремизираше со Графичар

Нова „нула“ за Охрид, „рибарите“ ремизираа против Графичар играјќи 0:0 во рамки...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!