Ракомет

Пролет сигурен против Струга – нова победа во плеј-аутот

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Ракометарите на Пролет ја потврдија фаворитската улога и запишаа сигурна победа над Струга со 31-25 во рамки на плеј-аут фазата во македонската ракометна елита. Натпреварот се одигра во салата „Македонско сонце“, каде домашниот тим имаше целосна контрола врз играта.

Стружани само еднаш го израмнија резултатот на стартот (1-1), по што Пролет го презеде водството и до крајот не го испушти. Во првото полувреме домаќините имаа највисока предност од шест гола и на пауза заминаа со 16-12.

Во вториот дел Пролет дополнително го зголеми темпото и во неколку наврати стигна до двоцифрена предност, најмногу +10 (23-13 и 24-14). Во завршницата гостите успеаја да ја намалат негативата, но победата на домашниот состав не беше доведена во прашање.

Најефикасен во победничкиот тим беше Давор Палевски, кој реализираше девет гола од единаесет обиди, додека Никола Стоилевски додаде седум погодоци. Кај Струга најпрецизен беше Наум Костов со седум гола, а Мечкароски постигна пет.



Со овој триумф Пролет стигна до 17 бода, што е десет повеќе од Струга која се наоѓа на претпоследната позиција на табелата и најверојатно ќе мора да игра бараж за опстанок.

Во следното коло Пролет ќе гостува кај последнопласираниот Радовиш, додека Струга на домашен терен ќе го пречека тимот на Прилеп.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе им суди на Шкендија и Башкими, Доне Ристовски на Вардар и Шкендија Арачиново

Познати се судиите и официјалните сите за четири од пет натпревари од осмото коло на Првата македонска фудбалска лига. Судиите за мечот во...

Прва лигаФудбал

Осмото коло во ПМФЛ со пет натпревари во пет дена, два дуели под рефлектори

Осмото коло од Првата македонска фудбалска лига ќе донесе интересна динамика, со натпревари распоредени во пет дена, а две средби ќе се одиграат...

Поврзани написи
Ракомет

Драма до последната секунда: Вардар за малку до сензација против Нант

Вардар беше на чекор до голем триумф во „Јане Сандански“, но Нант...

Ракомет

Јагуриновски пред Бутел: „Ние сме фаворити и тоа мора да го покажеме на терен“  

По убедливата победа над Струга во Езерското дерби на „Билјанини Извори“, Охрид...

Ракомет

Димовски пред европскиот двомеч: „Ние ќе го оставиме срцето на теренот, а од трибините нека грми цело Кавадарци!“

Ракометарите на Тиквеш се подготвуваат за европскиот предизвик против Handball Esch од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!