Ракомет

Ѓорче Петров убедлив во дербито со Чаир и чекор поблиску до нова титула

Сподели
ФОТО: ЖРК Ѓорче Петров | АРХИВА
Сподели

Ракометарките на Ѓорче Петров остварија значајна победа во дербито на колото во женската ракометна Суперлига, совладувајќи го директниот конкурент за титулата, тимот на Чаир, со убедливи 24-16.

Актуелниот шампион од самиот почеток наметна свое темпо и постепено ја градеше предноста. Гостинките од Чаир не успеаја да го пронајдат вистинскиот ритам во првото полувреме, во кое постигнаа само шест погодоци, па домаќинките на пауза заминаа со солидна предност од 13-6.

Во продолжението од натпреварот ситуацијата на теренот не се промени. Ѓорчепетровки ја задржаа контролата врз играта и во еден момент стигнаа и до двоцифрена разлика (19-9), што практично го реши победникот. До крајот рутински ја зачуваа предноста и заслужено славеа.

Со овој триумф, тимот на Ѓорче Петров им се реваншираше на ракометарките на Чаир за поразот од почетокот на сезоната и продолжи со серијата без пораз во домашниот шампионат. Воедно, шампионот сега има три бода предност на табелата и сериозно чекори кон одбрана на титулата.



Најефикасна во редовите на победничката екипа беше Емилијана Ризоска со пет погодоци, додека Армина Исиц постигна четири гола. Кај Чаир најпрецизни беа Саида Рејеб и Билјана Дамчевска, кои натпреварот го завршија со по четири реализации.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!