Младински фудбалФудбал

Шампионски прием во Општина Неготино – градоначалничката Марија Нацева ги прими младите херои на ГФК Неготино

Сподели
ФОТО: Марија Нацева | facebook
Сподели

Големиот успех на младите фудбалери на ГФК Неготино на меѓународниот турнир IFT Junior Cup во Сандански, Бугарија, доби и официјално признание од локалната самоуправа. По освоените три први и едно трето место, како и пет индивидуални награди, младите шампиони имаа прием во Општина Неготино.

На покана на градоначалничката на Неготино, Марија Нацева, во нејзиниот кабинет беа примени фудбалерчињата и нивните тренери, на кои им беа упатени честитки за извонредниот успех и достојното претставување на градот на меѓународната сцена.

„Денес на моја покана во кабинетот на Општина Неготино имаа прием шампионите на ГФК Неготино. Уште еднаш упатувам огромни честитки до дечињата и тренерите за постигнатите успеси. Се обврзувам дека секогаш ќе поддржувам млади, надежни спортисти во нашата општина. Честитки шампиони!“, истакна градоначалничката Нацева.

ФОТО: Марија Нацева | facebook

Инаку, младите фудбалери на ГФК Неготино забележаа извонреден настап на IFT Junior Cup, каде се натпреваруваа со генерациите 2013/2014, 2015, 2016 и 2018/2019, освојувајќи три први места, едно трето место и дури пет индивидуални признанија.



Генерацијата 2013/2014 го освои првото место, а од оваа екипа пристигнаа и две индивидуални награди. Димитар Филиповски беше прогласен за најдобар одбранбен играч, додека признанието за најдобар играч му припадна на Дарио Ставров.

ФОТО: Марија Нацева | facebook

Генерацијата 2015 го освои третото место, а Алексеј Димов беше прогласен за најдобар голман во својата конкуренција.

Уште една титула освои генерацијата 2016, а наградата за најдобар играч ја доби Влатко Темелковски.



До првото место стигна и најмладата генерација 2018/2019, а Максимилијан Апостоловски беше прогласен за најдобар напаѓач на турнирот.

ФОТО: Марија Нацева | facebook

Од клубот истакнаа дека се горди на своите млади фудбалери кои со борбеност, дисциплина и тимски дух успеаја да остварат историски резултат за фудбалската школа на ГФК Неготино и достојно да го претстават својот град на меѓународната сцена.

ФОТО: Марија Нацева | facebook



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Ракомет

Еурофарм Пелистер продолжува со младинската стратегија: Белистојаноски промовиран во сениорскиот тим

Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на млади таленти во првиот тим. Клубот и оваа сезона продолжува со...

Поврзани написи
КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби...

ФудбалФутсал

Железарец шампион во Втората футсал лига – експресно враќање во елитата

Екипата на Железарец ја освои титулата во Втората футсал лига на Македонија...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Нова „нула“ за „рибарите“: Охрид ремизираше со Графичар

Нова „нула“ за Охрид, „рибарите“ ремизираа против Графичар играјќи 0:0 во рамки...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!