Останато

Започна реконструкцијата на спортската сала на УКИМ – Ристовски: Студентите заслужуваат современи услови за спорт – не руинирани сали

Сподели
ФОТО: Министерство за спорт
Сподели

Министерството за спорт започна со комплетна реконструкција и адаптација на спортската сала во комплексот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со ректорката на УКИМ, проф. Биљана Ангелова, денеска го означија официјалниот почеток на градежните работи на објектот.

Со оваа инвестиција на Министерството за спорт, во вкупна вредност од 54 милиони денари со вклучен ДДВ, спортската сала, која со години беше во руинирана и запоставена состојба, ќе биде целосно обновена и повторно ставена во функција за потребите на студентите.

„Она што го започнавме како Министерство за спорт во соработка со ректорката пред една година, најпрво оваа сала да добие свој сопственик, потоа да го направиме проектот за реконструкција во соработка со УКИМ, денеска конечно добива конкретна реализација. Конечно почнува реконструкцијата на салата којашто е многу важна за Министерството за спорт, за УКИМ, но најважна е за студентите кои ги држеа часовите по физичко по други сали. Покажавме дека сакаме да поставуваме нови стандарди и секое ветување што го даваме како министерство и јас лично како министер, да го исполнуваме. Ова е уште еден доказ за тоа,“ истакна министерот Ристовски.

Тој потсети дека за неполни две години Министерството за спорт направи пет реконструкции на спортски сали, преку 45 реконструкции на спортски игралишта и дека „останува фактор кој ќе промовира позитивни работи, вистински вредности со посебен акцент на спортската инфраструктура и на развојот прво на училишниот, на универзитетскиот и на крај професионалниот спорт“.

ФОТО: Министерство за спорт

Ректорката на УКИМ, проф. Биљана Ангелова, упати благодарност до Министерството за спорт и до Владата и нагласи дека со овој проект практично се решава децениски проблем

„Првиот договор за изграда на спортската сала е направен во 2007 година со тогашната Агенција за млади и спорт и Универзитетот, меѓутоа оттогаш до сега имавме низа проблеми кои пред сѐ излегоа од нерешениот правен статус на спортската  сала, како и проблеми во рамките на средувањето на градежните работи. После две децении, последнава година, година и половина, успеавме да ги решиме овие работи. Универзитетот работеше на две паралелни патеки. Најнапред нашиот универзитет со помош на нашите професори од Машинскиот, Градежниот, од Електротехничкиот факултет и од архитектура направија нов главен проект за спортската сала и геодетски елаборат со што се отпочна постапката за решавање на правниот статус на салата. Со препорака на државниот правобранител оваа спортска сала премина во владение на Владата на Република Македонија,  а потоа со одлука на Владата оваа сала е доделена во сопственост на УКИМ за што сакам да изразам голема благодарност затоа што навистина брзо и ефикасно се спроведе целата оваа постапка. Паралелно со оваа постапка водевме уште една, бидејќи градежната дозвола за оваа сала е истечена пред десетина години, за издавање на нова градежна дозвола, односно решение за реконструкција на спортската сала“, посочи Ангелова.

Ректорката на УКИМ изрази надеж дека реконструкцијата ќе биде завршена во предвидениот рок и нагласи дека по реконструкцијата спортската сала ќе биде ставена во функција на студентите, на вработените, а ќе биде отворена и за организирање на натпревари.

„Очекуваме дека во предвидениот рок, согласно договорот, оваа сала ќе биде реконстрирана и ќе биде ставена во функција. За нас тоа е особено важно бидејќи универзитетскиот спорт секогаш бил високо во приоритетите на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, затоа што спортот не се само натпревари и резултати, преку спортот се стекнуваат и многу други значајни вредности, се учиме на тимска работа, на упорност, на истрајност… сетоа тоа се вредности кои сакаме да ги всадиме кај нашите студенти и кај секој млад човек“, рече Ангелова.

Во име на студентите, претседателката на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, Ангела Василевска, упати благодарност до Министерството за спорт и ја истакна важноста на овој објект за 7000 студенти за спроведувањето на наставата и за одржување на спортски активности.

ФОТО: Министерство за спорт

Реконструкцијата на спортската сала на УКИМ е дел од програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура, преку која се реализираат низа капитални проекти низ државата со цел подобрување на условите за спорт и физичка активност.



Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Неколку второлигаши „висат“: Победата е неопходна за излез од резултатската криза

Денес ќе биде отворено шестото коло во Втората фудбалска лига, а ќе се комплетира утре со мечот меѓу Брера и Шкупи, кој ќе...

Ракомет

Костов лидер, Мате веднаш зад него: Топ 10 стрелци по две одиграни кола во Супер лигата

По две одиграни кола во новата сезона од Супер лигата, охриѓанецот- Наум Костов од МРК Куманово, е лидер на листата на најдобрите стрелци....

Поврзани написи
Останато

Бузалковски со два подиуми во Словачка – Со поддршка од министерот за спорт Борко Ристовски по европската вицешампионска титула!

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски продолжува со одличните настапи во ФИМ Европскиот шампионат,...

Останато

Табата го запре Ивановски на стартот на турнирот на Златибор

Дејвис куп репрезентативецот на Македонија, Калин Ивановски, по пауза од два месеца...

Останато

Македонските млади атлети со успешни настапи на EKAG 2026 во Брно

Македонската атлетика имаше свои претставници на European Kids Athletics Games (EKAG) 2026,...

Останато

Камјани и Работнички победници на Купот на Македонија за пионери и пионерки

На 6 септември се одржа Купот на Македонија за пионери и пионерки...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!