Прва лигаФудбал

Тасев: Посакувам супер дерби, со многу шанси и победа на Тиквеш

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Денеска во рамките од новото 22. коло од домашното првенство Тиквеш во Кавадарци го пречекува Пелистер во уште еден неизвесен, интересен и квалитетен првенствен меч.

И двата тима имаат императив на победа, затоа што пролетва мора да го надополнат она што го испуштија  во првиот дел од сезоната. Ова е последен меч од оваа фаза на шампионатот и позицијата на табелата по ова коло е многу важна. Затоа денеска и Тиквеш и Пелистер немаат намера лесно до го положат оружје, напротив.

„Во пролетниот дел влеговме во во суштина добро, нормално секогаш може подобро. За денешниот натпревар очекувам да биде тврд како што и е секој дерби натпревар, Пелистер е одлична екипа и мислам дека табелата не е реална слика за нив, ние максимално го респектираме нивниот тим, но ќе дадеме се од себе за трите бода да останат во Кавадарци. Се надевам на одлично дерби со многу шанси, публика и прекрасна атмосфера.

Во последните неколку натпревари наметнавме своја игра од која не отстапуваме ни дома ни пак во гости, мислам дека тимскиот дух е на одлично ниво и тоа е нашето најсилно оружје. Доколку се придржуваме кон барањата  на нашиот стручен штаб мислам дека се ќе биде во најдобар ред и на крај ќе ја израдуваме публиката со три бода„ – изјави Данаил Тасев.

Мечот во Кавадарци стартува од 14:00 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Галабовска со седум гола: Тиверија Брера ја декласира Речица со 17:2

Тиверија Брера забележа убедлива победа во 6. коло од Првата македонска женска фудбалска лига, совладувајќи ја Речица со неверојатни 17:2 на домашен терен...

Ракомет

Вардар денес гостува во Богданци, Младост ќе има поддршка со полна сала

Вечерва во 18 часот во Богданци ќе се одигра натпреварот од третото коло на Супер лигата меѓу Младост и Вардар, се очекува полна...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Галабовска со седум гола: Тиверија Брера ја декласира Речица со 17:2

Тиверија Брера забележа убедлива победа во 6. коло од Првата македонска женска...

Трета лигаФудбал

Речица ќе ја пречека Дрита, Јехона против Лирија, Љуботен сака нови три бода

Во ист термин од 16 часот, утре ќе бидат одиграни натпреварите од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!