Трета лигаФудбал

Ренова со убедлив триумф го отвори пролетниот дел во Трета лига – Запад

Сподели
Сподели

Денес со еден натпревар беше отворен пролетниот дел во Трета лига – Запад, откако екипата на Ренова со убедливи 3:1 славеше над Скендербеу на домашен терен, а во рамки на 12. коло.

Ери Абдулахи го отвори резултатот во 13. минута за водство на „гипсарите“ од 1:0 на полувреме. Во вториот дел Ментор Реџепи погоди за 1:1, а потоа некогашниот прволигаш од Џепчиште успеа да го врати водството откако Ерзен Ходаи погоди во 72. минута за 2:1.

Во самиот финиш од мечот Шендрит Адеми постигна гол за конечни 3:1 и славје на „гипсарите“, кои победнички го отворија пролетниот дел во Трета лига – Запад.



Првото пролетно коло ќе се комплетира утре со останатите средби.

Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Галабовска со седум гола: Тиверија Брера ја декласира Речица со 17:2

Тиверија Брера забележа убедлива победа во 6. коло од Првата македонска женска фудбалска лига, совладувајќи ја Речица со неверојатни 17:2 на домашен терен...

Ракомет

Вардар денес гостува во Богданци, Младост ќе има поддршка со полна сала

Вечерва во 18 часот во Богданци ќе се одигра натпреварот од третото коло на Супер лигата меѓу Младост и Вардар, се очекува полна...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Галабовска со седум гола: Тиверија Брера ја декласира Речица со 17:2

Тиверија Брера забележа убедлива победа во 6. коло од Првата македонска женска...

Трета лигаФудбал

Речица ќе ја пречека Дрита, Јехона против Лирија, Љуботен сака нови три бода

Во ист термин од 16 часот, утре ќе бидат одиграни натпреварите од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!