Трета лигаФудбал

ФОТО: Света Троица славеше против германскиот СВ Јагстцел – Угриноски блесна со хет-трик

Сподели
ФОТО: ФК Света Троица
Сподели

Екипата на Света Троица од Охрид, која се натпреварува во Третата лига – Југозапад, забележа убедлива победа во меѓународен пријателски натпревар од контролен карактер, совладувајќи ја германската екипа СВ Јагстцел со 3:1.

Херој на средбата беше новото засилување и повратник во тимот, Никола Угриноски, кој ги постигна сите три погодоци за охридскиот третолигаш. Со одлична реализација и сигурна игра во нападот, Угриноски најави дека ќе биде сериозно засилување за тимот во продолжението од сезоната.

Контролниот натпревар беше добра можност стручниот штаб предводен од Борис Бимбилоски да ја провери формата и подготвеноста на играчите во пресрет на пролетниот дел од шампионатот. Победата против меѓународен противник дополнително ја крева самодовербата во таборот на охридскиот состав.

ФОТО: ФК Света Троица

Света Троица есенскиот дел од сезоната го заврши на седмата позиција со десет освоени бодови, но амбициите за пролетта се далеку повисоки. Тимот влегува во вториот дел од првенството засилен и мотивиран, со јасна цел – подобри резултати и напредок на табелата во Третата лига – Југозапад.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Фудбал

Уапсен е Муамед Сејдини – истрага за проневера од 700.000 евра!

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, утринава е уапсен во полициска акција спроведена од Министерството за внатрешни работи во координација...

Фудбал

Игор Стојчевски дел од УЕФА програмата за таленти и менторство

Македонскиот судија Игор Стојчевски е избран за учество во новото издание на „Програмата за таленти и менторство“ на УЕФА за сезоната 2026/2027, што...

Поврзани написи
Фудбал

Уапсен е Муамед Сејдини – истрага за проневера од 700.000 евра!

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, утринава е уапсен...

Фудбал

Игор Стојчевски дел од УЕФА програмата за таленти и менторство

Македонскиот судија Игор Стојчевски е избран за учество во новото издание на...

Трета лигаФудбал

Хоризонт Турново службено го доби мечот со Брегалница Делчево

Натпреварот од 17. коло на Трета лига – Исток меѓу Хоризонт Турново...

Трета лигаФудбал

Стојановски: Сигурно одиме кон бараж – Еуромилк ГЛ заслужува Втора лига

Некогашниот прволигаш Еуромилк од Горно Лисиче го трасира патот кон враќање во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!