Останато

Три победи и бронзен медал за Ведерана Тунески на силниот Г2 турнир во таеквондо во Бугарија

Сподели
ФОТО: Таеквондо федерација на Македонија
Сподели

Македонската таеквондистка Ведерана Тунески оствари одличен резултат на силниот Г2 турнир „Бугарија Опен“, освојувајќи бронзен медал во категоријата до 51 килограм.

На еден од најквалитетните турнири во светот, Тунески забележа три големи победи и со одлични настапи уште еднаш го потврди својот квалитет на меѓународната сцена.

Ведерана е репрезентативка на Македонија и член на Таеквондо клуб Бутел. Таа зад себе веќе има значајно остварување – европски пионерски бронзен медал во олимписко таеквондо, со што важи за една од најперспективните млади спортистки во овој спорт.

Резултати: 

  1. Ведрана Тунески – Анастасија Балич (Украина) 2:0
  2. Ведрана Тунески – Марија Јоаниду (Грција) 2:0
  3. Ведрана Тунески – Марија Андреу (Грција) 2:0

Полуфинале:

Ведрана Тунески – Луца Меистинкаите (Ирска) 0:2

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на крај двете екипи мораа да се задоволат со бод, откако одиграа...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран денеска меѓу екипите на ФК Силекс и ФК Шкендија Арачиново, домашната...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!